Skip to main content

Автор: инфодеск

Втора изложба на д-р Наташа Попоска Карче

Post Views: 15 „Сликам со тебе“-Приказна од душата беше насловот на ликовната изложба на д-р Наташа Попоска-Карче што вчеравечер беше отворена во Предворјето на црквата „Света Софија“ во рамки на фестивалот „Охридско лето“.Како што рече на отворањето на изложбата историчарот на уметност д-р Иван Заров, пред фестивалската публика е претставен нов опус на слики кои го отсликуваат естетскиот светоглед на Попоска-Карче.Во неа, на идеален начин се преплетуваат мечтателноста и веќементноста на времето во нејзините слики и нејзиниот буен екстровертен и динамичен хабитус како...

Продолжи со читање

Бела грутчеста материја пронајдена кај скопјанец

Post Views: 12 На 23.07.2022 година во 22:45 часот во СВР Охрид лишен од слобода е К.М.(27) од Скопје.При преглед извршен на плажа на охридското крајбрежје, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Приведен 63-годишен охриѓанец

Post Views: 10 На 24.07.2022 година во 00:15 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е З.А.(63) од Охрид.Тој, претходно, во семејниот дом агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство и им упатил закани. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава -информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Концерт на Томе Атанасов и Марија Ѓошевска

Post Views: 9 Во рамките на музичката програма на „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот ќе се одржи концерт на македонските уметници, обоистот Томе Атанасов и пијанистката Марија Ѓошевска.Томе Атанасов, првите едукативни насоки во музиката ги добива во средното музичко училиште во Скопје во класата на својот родител и педагог м-р Васил Атанасов. Добитник е на стипендија на престижната Interlochen Arts Academy во САД (2002) во класата на познатиот педагог Даниел Столпер, каде добива богато уметничко искуство. Студиите ги продолжува на Универзитетот за...

Продолжи со читање

Тепачка меѓу полски државјани на Туристичка

Post Views: 13 На 23.07.2022 година во СВР Охрид приведени се полските државјани Ј.К.М.(59) и Ф.М.(34).Тие претходно на булеварот „Туристичка” во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Против нив е поденесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Миленковиќ приреди врвно естетско доживување

Post Views: 23 Врвно естетско доживување приредија за бројната публика на „Охридско лето“ виртуозот на виолина со светско реноме Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Камерата Нови Сад“ од Србија вчеравечер на Долни Сарај во рамките на Српската вечер на фестивалот.Српската вечер ја отворија директорката на НУ „Охридско лето“, м-р Наташа Поповиќ и министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ.Како што истакна директорката Поповиќ, „Охридско лето“ е предизвик, секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се надополнува и...

Продолжи со читање

Пожар на скутер на Охридското крајбрежје

Post Views: 8 На 22.07.2022 година во 07:24 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на скутер на плажа на Охридското крајбрежје во кој нема повредени лица.Од извршениот увид констатирано е дека скутерот марка „баотијан” е во сопственост на Д.В.(49) од Охрид. По наредба на Јавен обвинител скутерот е подигнат за понатамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Дали е ова нова перална, прашуваат граѓани на Охрид

Post Views: 22 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ, граѓани на Охрид прашуваат дали е отворена нова „селфи“ перална кај пожарната.Веројатно е поефтино, бидејќи водата е на сите нас – велат нашите сограѓани за „Ти си твојот град“.Напомена : Сликата е испратена од граѓани на Охрид.Рубриката „Ти си твојот град“ ја креираат нашите граѓани со испраќање на нивни слики и видеа од она што им пречи или она што им се допаѓа во нивното место на живеење.

Продолжи со читање