Skip to main content

Автор: инфодеск

Се асфалтира улицата 28 април

Post Views: 9 Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево направи увид на градежните работи на улица „28-ми април“ којашто денес се асфалтира.Асфалтен слој се поставува на должина од 550 метри и ширина од 6 метри.Претходно на улицата се гребеше стариот асфалт, просторот се тампонираше и се нивелираа шахтите. Асфалтирањето на улицата се очекува да заврши денес.Проектот е дел од Програмата за  уредување на градежно земјиште на Општина Охрид и се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа.

Продолжи со читање

Стефан Миленковиќ вечерва на Охридско лето

Post Views: 14 Светски познатиот виолинист, брилијантниот Стефан Миленковиќ, заедно со реномираниот Ансамбл „Камерата Нови Сад“, на Фестивалот Охридско Лето ќе го изведат уникатното дело „Кармина Бурана“ на сцената на Долни Сарај.Српската вечер на „Охридско лето“ е продолжување на традицијата на Фестивалот за соработка со Амбасадите во Република Северна Македонија со чија помош се реализираат настапи на истакнати и еминентни уметници.Вечерва во рамките на Српската вечер, фестивалот ќе понуди нешто ново, ексклузивно, многу атрактивно и наменето за пошироката публика. Ова...

Продолжи со читање

Бурни овации за концертот на пијанистот Сермет

Post Views: 13 Впчечатлив драматизам и импресивен емотивен израз донесе вчеравечер на подиумот во црквата „Света Софија“ маркантниот пијанист од Турција, Хусеин Сермет.Концертот беше вистинско уживање за публиката. Турскиот виртуоз со повеќе од четиридецениска кариера, претставувајќи се со дела од Бах, Бетовен и Лист ги воодушеви посетителите кои го наградија со бурни овации и бисеви.Сермет во својот богат пијанистички стаж настапувал со македонски уметници, но годинава првпат е дел од музичката програма на „Охридско лето“.Да, ова е мојот прв концерт  на „Охридско...

Продолжи со читање

Пиштол и 22 куршуми пронајдени кај охриѓанец

Post Views: 15 СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ј.(28) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.На 16.07.2022 година, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден 1 пиштол „ASTRA” калибар 6,35милиметр и 22 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Охриѓанец нападнал сограѓанин

Post Views: 17 На 21.07.2022 година во СВР Охрид пријавено е дека околу 10:30 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување извршено од А.Ф.(41) кон М.А.(37), двајцата од Охрид.По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Втора вечер На зајдисонце во Трпејца

Post Views: 8 Вториот ден од културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца помина во знакот на младите од Црвен крст Охрид и нивниот поетско – музички перформанс „Треба да бидеме подобри“.Димитар Назифовски, Теа Петковска, Ангел Карали, Адела Абас, Мелани Котоска, Петар Алчески и Филипа Мијалкова со висока доза на професионалност стекната преку креативните вежби со нивните ментори предизвикаа аплаузи кај публиката во која мнозинство беа токму децата и младите кои преку овој пeрформанс можеби за прв пат слушнаа и за хуманaта мисија на Црвениот крст но и мноштвото...

Продолжи со читање

Водата да не се користи за наводнување

Post Views: 8 Имајќи во предвид дека водата за пиење претставува скапоцен ресурс и дека треба рационално и одговорно да се троши, апелираме до граѓаните да не ја користат водата што е наменета за пиење за наводнување на земјоделските култури, тревници и дворни места, особено во овој период од годината кога има зголемена потрошувачка, велат од Општина Дебрца.Капацитетот на доводните цевководи и резервоарите за вода не е предвиден за наводнување на земјоделски култури, туку единствено за пиење и за потребите на домаќинствата.Ненаменското трошење на водата за пиење доведува...

Продолжи со читање

Наместо да го санираат проблемот, си заминале

Post Views: 7 При извршување активности во селото Оровник и поврзување на водоводна цевка, испаднал дел од истата со што настанал голем проблем. Вработените во фирмата која ги извршува активностите наместо да го санираат проблемот, си заминале, реагира градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.Ваква неодговорност, вакво однесување никаде нема. Поврзувањето на водоводната цевка во село Оровник се изврши и при пуштањето на водата еден дел испадна, а вработените си заминаа. Лично се јавив и кај фирмата подизведувач и кај одговорните од Синохидро, им завршило работното...

Продолжи со читање