Автор: инфодеск
Post Views: 13 На 17.07.2022 во 16:25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на локален пат во близина на охридското село Велестово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила „Рено” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(26) и „Нисан” со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(37) од Скопје.Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, се здобиле возачот на возилото „Рено”, како и сопатниците Л.Ј.(22), Г.Ш.(41), Б.Т.(54), сите од Охрид, додека со телесни повреди се здобил В.Ч.(56) од...
Поквалитетно водоснабдување во Охрид
Post Views: 7 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во Скопје го потпиша грант договорот со Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија за обезбедување на средства во вредност од 150.000 евра, кои ќе бидат наменети за подобрување на условите за водоснабдување во Охрид.Договорот беше потпишан во рамки на Информативниот настан на Секретаријатот за европски прашања на македонската влада и Амбасадата на Република Словенија.Според планираното, ќе биде извршена реконструкција на пречистителна станица и набавка на нови филтри за пречистување на...
Започна првиот циклус од програмата Полетарче
Post Views: 9 Денес во просториите на Црвен крст Охрид успешно започна со реализација првиот циклус од програмата „Полетарче“.Преку оваа програма, деца од 5 и 6 годишна возраст преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост,...
Казнети 13 возачи во Охрид
Post Views: 17 На 17.07.2022 година, извршени се засилени сообраќајни контроли.Полициските службеници на подрачјето на СВР Охрид затекнале и санкционирале 24 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-13, Струга-04, Кичево-04, Дебар-03) – се вели во сооопштението на СВР Охрид.
Возило излетало од патот, двајца повредени
Post Views: 8 На 17.07.2022 во 07:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Врбјани и Сливово, општина Дебрца, патничко возило „Бмв” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(27) од Гостивар, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, С.З.(21) и малолетен сопатник, двајцата од Гостивар, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи – информираат од СВР Охрид.
Започнува со работа Пајак службата во Охрид
Post Views: 46 Започнува со работа новата подружница на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Пајак служба.За потребите на оваа посебна организациона целина на претпријатието со одлука на Советот, Општина Охрид му пренесе право на користење на товарно моторно возило за специјална намена пајак.Од ЈП „Билјанини Извори” ја известуваат јавноста дека од утре 19 јули (вторник) ќе започне да функционира Пајак службата и апелираат до сите корисници на автомобили да се придржуваат кон сообраќајните правила во делот на паркирањето на возилата.
Да се отстранат кајчињата од Сараиште и Канео
Post Views: 13 Општина Охрид го повторува повикот до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетите „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок.Во спротивно од среда 20.07.2022 година Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците.Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.
Најуспешни на првенството во пливање во Охрид
Post Views: 12 Прогласени најуспешните пливачи на летното Национално првенство во пливање, кое викендов се одржа на отворениот базен на Спортско рекреативниот центар „Атина Бојаџи“ во Охрид.Помлади пионери:Влатко Цеков ПК Вардар 2018Неда Миленковска ПК МладостПостари пионери:Петар Цеков ПК Вардар 2018Сара Анастасовска ПК НептунКадети:Јован Јанковски П.В.К ОрионСофиа Дамјанова ПК Вардар 2018Младинци:Андреј Стојановски ПК НептунМиа Блажевска Еминова П.В.К.ОрионСениори:Андреј Стојановски ПК НептунМиа Блажевска Еминова П.В.К.ОрионНа Државното првенство...