Автор: инфодеск
Post Views: 47 На 17-ти ноември, 2022г. (четврток) со почеток во 18 часот, во големата сала на НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, своја премиера пред струшката публика, ќе има најновиот филм „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски.„Кајмак” е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.Влезот ќе чини 100 денари.Истиот ден со почеток во 20 часот, филмот „Кајмак“ ќе биде...
Македонистичка катедра на Анкарски универзитет
Post Views: 51 Постигнат е успех од историско значење за македонистиката. Започнуваат со работа нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик на странски универзитет – на престижниот Анкарски универзитет во Турција.Вчера, салата на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет беше мала за да ги собере сите кои беа заинтересирани да го проследат првиот промотивен час по македонски јазик. Ова е конкретна потврда дека залагањата и вложувањата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св....
Состанок на регулаторните тела од регионот
Post Views: 60 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по повод 25 години од своето постоење, денеска организира состанок на регулаторните тела од регионот.На состанокот ќе присуствуваат претставници на регулаторните тела за медиуми на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Бугарија.На отворањето, како што информираат од АВМУ, ќе се обратат директорот Зоран Трајчевски и шефот на Делегацијата на Европска Унија амбасадорот Дејвид Гир, а видео обраќање ќе има претседателот на државата Стево Пендаровски.
Пронајдени две неексплодирани убојни средства
Post Views: 45 Од водите на Охридското езеро вчера биле извадени две неексплодирани убојни средства, информираат од Дирекција за заштита и спасување.
Општина Струга без вода до 15 часот
Post Views: 46 Стружани денеска повеќе часа без вода. Од ЈП „Водовод и Канализација“ ги информираат граѓаните дека ќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење на целата територија на општина Струга од 8 до 15 часот.
Неколку часа без вода ул. Дејан Војвода
Post Views: 29 Од ЈП „Водовод“ информираат дека поради изведување на градежни активности за новата водоводна линија, денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Дејан Војвода”, на потегот од крстосницата со ул. „Абас Емин” до крстосницата со ул. „Македонски Просветители”.
Апел за помош на новинарот Саше Димовски
Post Views: 66 По ампутацијата на ногата, потребни се средства за лекување, протези и рехабилитација на новинарот Саше Димовски.Сметки за донации:Денарска: 250101000288259Девизна: 1408000644660SWIFT: INSBMK22IBAN 07250780006446692Шпаркасе банка МакедонијаДополнителни информации на телефонот: 075/223-339.
Герила акција за борба против трговијата со луѓе
Post Views: 38 Младите волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Охрид, како сертифицирани врснички едукатори за трговија со луѓе, осмислија и реализираа едукативен перформанс за превенција од трговија со луѓе како дел од нивната програма за работа.Во соработка со СВР Охрид, како герила акција го изведоа перформансот во спортската сала на средното училиште „Св. Кирил и Методиј“. Учениците и професорите можеа да проследат три сцени на кои беше претставена сексуална експлоатација, експлоатација на труд и трговија со деца, придружени од...







