Skip to main content

Автор: инфодеск

Струга

Општина Струга утре од 8-15 часот без вода

Post Views: 36 Во текот на утрешниот ден без вода ќе бидат жителите на соседна Струга.Утре, 10-ти ноември ќе биде прекинато снабдувањето со вода за пиење на целата територија на општина Струга од 8 до 15 часот, информираат од JП „Водовод и Kанализација“ Струга.

Продолжи со читање

Полиција

Жител на Ложани бил агресивен со сопругата

Post Views: 71 На 08.11.2022 околу 09:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода П.Д.(49) од струшкото село Ложани.Toj претходно во семејниот дом, агресивно се однесувал кон неговата сопруга и кон други членови на семејството. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Насилство врз жена

Три лица нападнале 18-годишна девојка

Post Views: 35 На 08.11.2022 полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода А.Ш.(52), Ф.Ш.(43) и С.Ш.(20), сите од струшко село. Тие, во семејниот дом во селото, физички нападнале 18-годишна членка на семејството. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Општина Охрид : Охриѓани се мудри, гледаат дека не постои место каде не се работи

Post Views: 50 Од Општина Охрид со реакција на изнесенето на вчерашната прес конференција на претседателката на ОО на СДСМ. Од Локалната во реакцијата се задржуваат на менаџирањето со јавните претпријатија и училиштата кои ги затекнале во тешка финансиска состојба.Новото раководство на Општина Охрид, не само што не се откажа туку напротив започна со силно темпо за санација на тешката состојба во општината, претпријатијата и училиштата. Иако без никаква поддршка од централната власт, успеа да исплаќа стари долгови, а притоа да не генерира нови. За прв пат имаме училишта кои...

Продолжи со читање

Водоснабдување

Се подобрува водоснабдувањето во Охрид

Post Views: 48 За една година во општина Охрид реализирани се 18 проекти за изградба и реконструкција на водоводни линии.Вкупно се поставија 1 540 метри водоводни линии. Вредноста на зафатите изнесува 12.266.958 денари. За 365 дена изградивме два резервоари за вода. Голем акцент ставаме на подобрувањето на квалитетот на водоснабдувањето на цела територија на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Марихуана

Марихуана пронајдена во домот на охриѓанец

Post Views: 31 На 08.11.2022 во СВР Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога, го лишија од слобода З.И.(41) од Охрид.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Полиција

Жител на Ботун го нарушил јавниот ред и мир

Post Views: 31 На 08.11.2022 во СВР Охрид во 14:10 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во деловен објект во близина на село Ново село, општина Дебрца, Б.С.(58) од село Ботун го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените.По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Водоснабдување

Од утрово без вода неколку улици

Post Views: 29 Од ЈП „Водовод“ Охрид ги информираат граѓаните дека поради поправка на уличен шибер со профил ф2″, денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици: „Гоце Делчев”, дел од бул. „Туристичка” и дел од “Абас Емин”.

Продолжи со читање