Автор: инфодеск
Post Views: 31 Во рамките на годишната програма за крводарителски акции на Црвен крст Охрид следува крводарителската акција со вработените од СВР Охрид.Крводарителската акција ќе се реализира утре (09.11.2022) од 10 до 14 часот во просториите на СВР Охрид.Уште еднаш да ја докажеме нашата хуманост како граѓани на Охрид – велат од Црвен крст Охрид.
Филмот Каде си Адаме денеска во Охрид
Post Views: 47 Филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора, денеска со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.Авторот на филмот, укранскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска, за време на неговиот...
Подобри услови во детската градинка во Вевчани
Post Views: 41 Во текот на изминатава година, а со цел подобрување на условите за престој и воспитување на децата во предучилишната установа преземени се повеќе активности:Набавка на нови дрвени дидактички играчки; Набавен нов мебел за децата (маси, столови, кревети, постелнини; Реконструиран подот со нови керамички плочки (донација); Набавени се и други дидактички средства и опрема; Изработен е проект за намалување на CO2 во детската градинка ЈОУДДГ „ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ“ Вевчани преку замена на котелот на фосилно гориво со нови еколошки топлотни пумпи.Во соработка со...
Вкупно 15 медали за ХВА РАНГ ИТФ
Post Views: 33 Викендов, Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „Дубровник Опен 2022“ во Хрватска, каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од 24 клубови од 6 земји, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, БиХ и Македонија.„ХВА РАНГ ИТФ“ под водство на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 9 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во 2 дисциплини форми (борба со замислен противник) и спаринг борби, а истотака двајца членови на клубот, настапија и како натпреварувач и како...
ЈОУДГ Јасна Ристеска го одбележа патрониот празник
Post Views: 46 Со свечена приредба која се одржа во спортската сала „Билјанини извори“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележа својот патронен празник.Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Голема е радоста на овој прекрасен празничен ден, кога ја славиме слободата на нашиот Охрид, да бидам дел од оваа неповторлива атмосфера, исполнета со весел џагор и најубави детски насмевки, кои ни ја милуваат душата и ни ги топлат срцата.Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки по повод патрониот празник...
Нови цени на горивата
Post Views: 47 Регулаторната комисија за енергетика на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 04.11.2022 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,072 ден/кг и сега ќе изнесува 49,995 ден/кг.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на...
Фрлена бомба во фризерски салон во Белград
Post Views: 57 Бомба била фрлена во фризерски салон на улицата „Браничевска“ во Белград, синоќа околу четири часот.Српската полиција соопшти дека нема повредени, а причинета е материјална штета.На видео од безбедносни камери се гледа како маж со качулка на главата крши прозорец со чекан и фрла бомба, по што бега, пишува „Телеграф.рс“.Жителите на оваа зграда ги разбудил силен удар.Сопственикот на салонот тврди дека нема непријатели и не ја знае причината за нападот, а полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот.Истрагата е сеуште во тек.
Од Стокомак се повлекува млекото Милкано
Post Views: 106 Од ланецот на маркети Стокомак информираат дека млекото Milkano UHT Млеко со 3,2% масленост, 1 литар LOT FD04 се повлекува од пазарот. Упатуваат апел до сите граѓани коишто го купиле, да го вратат во маркетите за да им бидат вратени парите.Доколку некој од нашите купувачи има купено од овој ЛОТ го повикуваме да го врати во нашите маркети, ќе им биде надоместен целиот износ. Веднаш е реагирано до производителот кој ни испрати резултати од интерна лабораторија која не соодвеставува со овие резултати. Ние ги почитуваме нашите надлежни институции и истото веднаш...







