Skip to main content

Автор: инфодеск

Завршен концерт на учесниците од Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика

Post Views: 188 На програмата на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе се одржи завршниот концерт од Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика што се одржува под уметничко раководство на Емилио Перцан и Тамила Гулиева.Семинарот постои од 2009 година. Првите три години се одржува на Истра, Р. Хрватска, а од 2014 година со поддршка на Министерството за култура на Р. Северна Македонија и на градот Охрид, продолжува да се одржува во Охрид.Семинарот го посетуваат млади виолинисти од Русија, Германија,...

Продолжи со читање

Зголемување на урбаното зеленило за 30% би можело да ја намали смртноста од горештини и до 40%

Post Views: 311 Екстремните горештини што ја погодуваат Европа и Централна Азија не се само климатска закана, туку сериозна здравствена криза, предупредува Паневропската комисија за клима и здравје, во отворено писмо до владите и здравствените власти на 53-те земји членки на европскиот регион на Светската здравствена организација.Комисијата предупредува дека топлотните бранови стануваат сè почести, поинтензивни и посмртоносни, оставајќи трага во статистиките за смртност која често се прикрива под други причини – како срцеви и мозочни удари или респираторни проблеми Според...

Продолжи со читање

Вечерва во Велгошти, ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Post Views: 210 Вечерва во атарот на црквата „Св. Петка“ во селото Велгошти, ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Годинава се одбележува јубилејот 90 години од раѓањето на овој истакнат охридски и македонски раскажувач, романописец и драмски писател.Програмата предвидува полагање на цвеќе пред спомен обележјето на Живко Чинго, обраќање на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделување на наградата за најдобар расказ на годинешната лауреатка Дијана Петрова, промоција на книгата „Наградата Живко Чинго од востановувањето до денес“ од приредувачот...

Продолжи со читање

Големи загуби на медните приноси во охридскиот регион

Post Views: 257 Климатските промени драстично ги намалија годишните приноси на мед. Пчеларите од охридскиот регион  велат опстојуваат на прагот на рентабилност. Има пчеларници кои годинава калкулираат  од  90% до 100 %  загуби.Последниве години пчеларството во регионот бележеше подем, нови млади луѓе започнаа да се занимаваат со пчеларење, но овие состојби негативно влијаат дел од нив веќе се откажуваат.-За жал, немоќни сме најчесто против климатските промени. Пролетниот период, тоест зимата, имавме огромни загуби на пчелни...

Продолжи со читање

Амбасадорот на Шпанија Сориано Ортиз во посета на Општина Охрид

Post Views: 153 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков вчера  во својот кабинет го прими  амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.На работната средба двете страни  разменија мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија при што се разгледуваа можностите за воведување на авио линија Скопје –Мадрит  со три летови неделно, по веќе воспоставената Скопје – Барселона. Тоа би значело поголем  број на шпански гости на охридската ривиера.Високиот гостин од Шпанија го информира градоначалникот Пецаков дека...

Продолжи со читање

Јавна презентација и расправа по Нацрт извештајот на влијанието врз животната средина за измена и дополнување на ГУП за УЗ 4

Post Views: 154 Градоначалникот на Општина Охрид организира јавна презентација и јавна расправа по Нацрт извештајот на влијанието врз животната средина за измена и дополнување на ГУП за УЗ 4, УБ 4.4 и изработка на ДУП за УЗ 4, УБ 4.4 опфат 1,  Општина Охрид.Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Измена и дополнување на ГУП за УЗ 4, УБ 4.4 и изработка на ДУП за УЗ 4, УБ 4.4 опфат 1, Општина Охрид    Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е...

Продолжи со читање

Тинејџерите најбројни гости во екот на сезона 

Post Views: 203 Наутро  затрупан во отпад, попладне проблеми со водоснабдувањето и канализацијата,  метеж во сообраќајот, недостиг на паркинг, нервозни гости и домаќини. Вака  Охрид го живее  екот  на туристичката сезона. Билтенот на СВР Охрид полн со тепачки.  Прегласната музика и врева од  големиот број концерти до раните утрински часови не дозволува мирен  одмор.Најбројни гости  деновиве се тинејџерите. Според експертите  Охрид е културна метропола, а не збиралиште на...

Продолжи со читање

Долни Сарај синоќа пулсираше во духот на афробит ритамот со Националниот џез оркестар и Шеон Кути

Post Views: 165 Сцената „Долни Сарај“ синоќа беше центар на музичките збиднувања во Охрид со концертот на „Охридско лето“ кој го одржаа Националниот џез оркестар и познатиот нигериски музичар, текстописец, вокал и саксофонист, Шеон Кути, под диригентската палка на маестро Џијан Емин.На програмата беа изведени авторски композиции од богатото творештво на Кути, со аранжмани специјално направени за изведба со биг-бенд оркестар. Со врвна квалитетна музика, но со малку поопуштена атмосфера фестивалот понуди еден летен концерт базиран на танц наменет за пошироки маси....

Продолжи со читање

Пештанец доби кривична затоа што отстранил службена лента и продолжил бесправно да гради

Post Views: 190 СВР Охрид  поднесе кривична пријава против 51 годишен жител од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“ по член 389 од Кривичниот законик.-Тој, во текот на 2024 година, на катастарска парцела во Пештани, изведувал градежни работи без да поседува соодветна документација, што било констатирано од извршен инспекциски надзор од овластен градежен инспектор  при општина Охрид, кој на пријавениот му доставил решение за отстранување на градбата, на градилиштето поставил...

Продолжи со читање

Од полноќ поевтинуваат горивата

Post Views: 165 Oд вечерва, на полноќ, ќе стапат во сила нови, пониски цени на нафтените деривати, објави Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Намалувањето важи за сите видови горива.Според новиот ценовник, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари по литар и од утре ќе се продава за 74,5 денари. Исто намалување од 0,5 денари има и за ЕУРОСУПЕР БС-98, чија цена ќе изнесува 77 денари по литар.Дизел горивото – ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – поевтинува за 1 денар и од утре ќе чини 68,5 денари по литар. Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)...

Продолжи со читање

Поети, музичари и уметници од шест држави ќе учествуваат на 37. Поетска ноќ во Велестово

Post Views: 186 Во петок, 15 август, со почеток во 21 часот во Велестово со поетскиот портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, започнува 37. Поетска ноќ во Велестово. На годинешното издание на интернационалниот фестивал ќе настапат шеснаесет поети, музичари и уметници од вкупно од шест држави (Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија).По претставувањето на поетскиот портрет на Андреј Ал-Асади, годинешниот поет во фокус на „Поетска ноќ во Велестово“, ќе следува интернационалното поетско читање „Имаго“, на кое...

Продолжи со читање

Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври

Post Views: 328 Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори на кои треба да се изберат градоначалници и членови на советите на сите 80 општини и Градот Скопје. Со тоа ќе почнат да течат роковите за изборниот процес.Денот на гласање во првиот круг ќе биде 19 октомври 2025, додека вториот ќе се одржи две недели подоцна, на 2 ноември.Увидот во Избирачкиот список (ИС), започнува 15 дена по распишувањето на изборите и трае дваесет дена. Ова е период во кој избирачите со право на глас, односно оние со наполнети 18 години, ќе можат да ги...

Продолжи со читање