Skip to main content

Автор: инфодеск

Трпејца

Тешка кражба во црквата „Св. Никола“ во Трпејца

Views: 197 Во СВР Охрид на 30 јуни 2026 година било пријавено дека во црквата „Св. Никола“ во охридското село Трпејца била извршена тешка кражба.Според пријавата, од црквата биле одземени пари и други предмети.Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Продолжи со читање

sea, ocean, water, waves, nature, blue, horizon, mountain, sky, clouds, jet ski, ride, blue sky, sport, adventure

Од денеска стапува во сила забраната за скутери во дневните часови на Охридското езеро

Views: 238 Од денеска, 1 јули, стапува во сила ограничувањето за пловидба на скутери на Охридското Езеро. Согласно Одлуката на Владата, донесена на предлог на Министерството за транспорт, скутерите нема да смеат да пловат во периодот од 11:00 до 19:00 часот, а мерката ќе важи до 31 август 2026 година.Ограничувањето е дел од мерките за зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, за заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води во текот на туристичката сезона.Покрај ограничувањето за скутерите, во сила се и ограничувања за пловидбата на...

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Views: 218 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата “Бистрица” до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од Воска и Далјан.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.

Продолжи со читање

Свети маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул

Views: 181 Леонтиј беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „висок, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, по пат се раболе од лута треска, па одредот мораше да го забави својот од. Една ноќ му се јави ангел Божји на Ипатиј, велејќи: „Ако сакаш да бидеш здрав, извикајте трипати кон небесата, ти и сите твои војници: „Боже Леонтиев, помогни ми!“ Ова свое видение...

Продолжи со читање

Денес сончево и топло

Views: 172 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за појава на краткотрајно невреме со град.Температурите во Охрид денес од 15 до 30 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Electric scooters parked on a city sidewalk, embracing urban transportation and modern mobility.

Изгласани новите законски измени за тротинетите: Забрана за возење за лица под 18 години, без сопатници и трезни

Views: 331 Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети и се заострува казнената политика за прекршителите. Измените беа донесени по скратена постапка во рамките на 106. седница и се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот.Со новите законски решенија се редефинира поимот „лесно електрично возило“, при што се земени предвид искуствата од повеќе земји во регионот, како и појавата на нови видови возила на пазарот, меѓу кои се и...

Продолжи со читање

Во четврток ќе се подига селектиран отпад

Views: 210 Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 02.07.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.-Ве охрабруваме да го користите зелениот телефон за пријавување на неправилности или доколку имате прашања! Се молат граѓаните од наведените улици да го...

Продолжи со читање

Наскоро излегува „Охридски музички бисерник (песнарка)“, ново издание посветено на охридската староградска песна

Views: 245 Љубителите на охридската музичка традиција наскоро ќе добијат ново вредно издание: „Охридски музички бисерник (песнарка)“, дело на Андреј Лаброски, реализирано во соработка со ансамблот ВИС „Билјана“.Книгата содржи нотни записи, текстови и неколку приказни за најпознатите охридски староградски песни, со што претставува значајно сведоштво за богатото музичко наследство на Охрид.Изданието е помогнато од Општина Охрид. Издавач е ПНВ Публикаци.

Продолжи со читање