Skip to main content

Автор: инфодеск

Снег на Пелистер

Падна првиот снег на Пелистер

Post Views: 54 Се забели Пелистер, падна првиот снег есенва во Македонија. Снег врнеше на врвот на Баба Планина, а објектите каде што се тв-радио предавателите на Пелистер се под снежна покривка.Пелистер е на надморска височина од 2.601 метар и е трет по височина во Македонија. Често во говорот Пелистер се користи како име за Баба Планина.

Продолжи со читање

Полициски службеници

Казнети возачи под дејство на алкохол

Post Views: 63 На 05/06.11.2022 во периодот од 22 до 4 часот, беа извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.Полициските службеници затекнале 9 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-02, Кичево-07). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни пријави – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Емуц Охрид

Едукативна работилница на СВР во ОЕМУЦ

Post Views: 43 Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со младинската организација од општинскиот електро-машински училишен центар „Св. Наум Охридски” во Охрид, реализираа едукативна работилница посветена на проблематиката со злоупотреба на дроги.Притоа, полициските службеници презентираа низа информации, но и практични сознанија од полициското работење околу зависностите од дрога, за последиците од употребата на дрогите и психотропните супстанци, како и околу казнените одредби што го опфаќаат недозволеното користење и тргување со...

Продолжи со читање

Охрид трчат

Започна пријавувањето за Охрид ТрчаТ 2023

Post Views: 54 Официјално, од вчера, стартуваше пријавувањето за учество на седмото издание на „Охрид трчаТ“. „Охрид трчаТ 2023“ или „Ohrid running weekend 2023“ ќе се одржи првиот викенд во јуни, односно од 2 до 4 јуни 2023.Љубителите на трчањето и спортот имаат три опции за пријавување. Првата опција и вистински предизвик е трката на 21 километар, втората опција е трката на 5 километри, додека третата опција е штафетниот полумаратон, 2 пати по 10 километри и 550 метри. Стартен пакет на 21 километар чини 1 200 денари и е промотивна цена која ќе трае до 31 декември, за...

Продолжи со читање

Пожар во Русија

Голем пожар во руски клуб, има загинати

Post Views: 39 Најмалку 13 лица загинаа во пожар што избувна во клубот Полигон во рускиот град Кострома, соопшти Службата за вонредни ситуации.Околу 250 луѓе беа евакуирани од зградата што се запали ноќта во градот на околу 300 километри североисточно од Москва. Пожарот во клубот Полигон бил изгаснат околу 07:30 часот по локално време – соопштија властите.Службите за итни случаи соопштија дека пожарот би можел да биде предизвикан од пиротехнички средства. За инцидентот е покрената кривична истрага....

Продолжи со читање

Чекоштина Урбан

Чекоштина Урбан со отворено писмо до Пецаков

Post Views: 66 Здружението Чекоштина Урбан со отворено писмо испратено до медиумите се обраќа до општинската власт и градоначалникот. Пишуваат за игнорантски однос од страна на локалната власт и бараат решавање на урбаните проблеми во населбата.Три години здружениево се обидува да воспостави комуникација со општинските власти, со цел да почне решавање на основните потреби на населението од овој дел од градот.Вашиот претходник вети дека ќе спроведе неколку проекти, но тоа ни од далеку не се случи. Дури со еден протест и блокада на патот Охрид-Струга го изразивме нашето...

Продолжи со читање

Вевчани Би би си

Нова репортажа на Би-би-си за Вевчани

Post Views: 113 Светскиот канал „Би-би-си“ објави нова репортажа за Општина Вевчани.И покрај тоа што има само 2.400 жители, Вевчани трипати се обиде да прогласи независност од две различни земји во последните пет децении. Во 1987 година првпат се закани со отцепување од Југославија. Потоа, во 1991 година, селото се прогласи за независна република само 11 дена откако поранешната југословенска Република Македонија (како што беше претходно именувана Северна Македонија) самата прогласи независност за време на распадот на Југославија. И во 2002 година, слободарскиот дух на...

Продолжи со читање

Општина маркица

Јавен повик за проекти на граѓански организации

Post Views: 56 Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.Во проектот ReLOaD 2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес,...

Продолжи со читање