Skip to main content

Автор: инфодеск

анкета медиуми

(Не)доверба во медиумите

Post Views: 87 Во огромното море на се` подостапни и побрзи информации, многу е поважна точноста и релевантноста на информациите кои и се пласираат на јавноста, отколку брзината со која истите ќе се објават. Во трката по сензационализам и поголем број публика, кликови и прегледи, многу често се објавуваат непроверени информации, невистини и дезинформации. Ве молиме, одвојте неколку минути од вашето време да одговорете на нашата анкета, со што ќе ни помогнете да добиеме информација, од каде граѓаните од охридско-струшкиот регион најчесто се информираат и на кој медиум најмногу му...

Продолжи со читање

Училиште

Наставата продолжува со физичко присуство

Post Views: 39 Владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час е голема поддршка за непречено организирање на наставата во форма што е од најголем интерес за учениците со физичко присуство во училниците.Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата поради непречена работа и реализација на мисијата заради која и постојат – едукација на младите.Во услови на прогласена кризна состојба, со склучување на договор за снабдување со електрична енергија со „ЕСМ –...

Продолжи со читање

Фејсбук

Велешанец ширел говор на омраза на фејсбук

Post Views: 35 СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Д.(61) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој, по објавен текст на еден интернет портал, од својот фејсбук профил постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Потпорен ѕид

Санација на потпорни ѕидови во Стариот дел

Post Views: 28 Продолжуваат активностите за санација на потпорни ѕидови во Стариот дел на градот. Деновиве се врши санација на целосно руиниран ѕид кој се наоѓа на пресекот на улиците „Коста Абраш“ и „Самоилова“.Со овие активности не само што Стариот дел на градот добива убав лик, туку се зголемува и безбедноста на жителите. Градежните активности ги врши „Бокоп“ во рамки на договорот за санација на потпорни ѕидови на територија на Општина Охрид – напиша Градоначалникот Пецаков на официјалниот фејсбук профил.

Продолжи со читање

Илија Смически

Се асфалтира крак од ул. Илија Смически

Post Views: 87 Денеска се одвиваат активности за асфалтирање на крак од улица „Илија Смически“ во село Лескоец.Должината изнесува 310 метри и ширина од 3 метри. Вкупната асфалтирана површина изнесува околу 1000 м2 – информира градоначалникот Кирил Пецаков.Оваа активност се спроведува во рамки на договорот за асфалтирање на улици и патишта на територија на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Економската криза на сцена

Реприза на комедијата Економската криза на сцена

Post Views: 38 На барање на публиката, драмското студио „Миладин” повторно ќе ја одигра комедијата „Економската криза на сцена”.Претставата ќе биде прикажана во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга во сабота на 5-ти ноември со почеток во 19 часот. Влезот ќе чини 100 денари.

Продолжи со читање

Зелен отпад

Ќе се собира зелен отпад во Кошишта, Воска и Даљан

Post Views: 33 Акција за подигнување зелен отпад 05.11.2022 населби Кошишта, Воска и Даљан.ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.11.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.3 и У.З.4 населби Кошишта, Воска и Даљан.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 7 часот на 05.11.2022 и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон...

Продолжи со читање

Каде си Адаме

Филмот Каде си Адаме ќе се прикажува во Охрид

Post Views: 47 Филмот за животот на монасите на Света Гора „Каде си Адаме?“ ќе се емитува во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 08.11.2022 со почеток во 19 часот. Цената на билетите е 100 денари, продажба на тел: 078 271 793.Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, и е сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите „Каде си Адаме?“ го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.Автор на филмот, укранскиот продуцент – ѓаконот Александар Плиска, го реализирал...

Продолжи со читање