Автор: инфодеск
Post Views: 12 Припадници на МВР во Лесковац ќе поднесат кривична пријава против 26-годишен државјанин на Македонија поради сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, соопштуваат српските медиуми.Како што се сомневаат, младиот маж од Македонија на автопатот кај Мала Копашница управувајќи „пасат“ се судрил со камион поради несоодветна брзина, пренесе „Танјуг“.Во таа прилика тој и уште тројца сопатници во двете возила се повредени – соопшти СВР Лесковац.Потоа, по пристигнувањето на екипата на Брзата помош, дошло до нова...
Саем на книгата и бесплатна библиотека за странците
Post Views: 13 Од денеска и официјално за прв пат во Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ отвори бесплатно книжевно катче кое ќе функционира 24 часа.Трезорите на библиотеката се богати со странска литература особено на англиски и германски јазик, на јазиците на соседните држави и други светски јазици кои што гостите ќе можат да ги позајмат, но и да ги разменат со свои книги. Да зајмат или да остават. Тоа ќе биде ново искуство за нив при што одморот ќе можат да го поминат во дружба со книгата – велат од Градската Библиотека.Библиотеката за прв пат од денеска...
Сончево со мала доумерена облачност
Post Views: 8 Денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.УВ=8
Сеуште се бара третиот македонец на Халкидики
Post Views: 12 И денеска продолжува потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, на првиот крак на Халкидики, во Посиди, откако вчера и завчера беа пронајдени неговите двајца пријатели живи.Вчерашната потрага во вода, од воздух и на копно не донесе никакви резултати.Откако не беше пронајден 28-годишниот од грчката крајбежна служба соoпштија дека потрагата ќе продолжи се до разденување, а за било какви новости ќе информираат со ново соопштение.Неговиот другар 30-годишниот Иван бил лоциран од хеликоптер на военото воздухопловство околу 15 часот во морската...
Ќе се поставуваат рампи за инвалидизирани лица
Post Views: 13 После долгогодишните апели и последното барање на Здружението Мобилност Скопје, кое го пренесе Охриднет во петокот, на Охридското езеро ќе се поставуваат рампи за инвалидизираните лица. Утре, понеделник (11.07.2022) во 11 часот на плажата во Љубаништа ќе биде ставена во употреба пристапна рампа за лица со посебни потреби, а после поставувањето во Љубаништа, ќе се оди во Славија каде и таму ќе се постави иста таква рампа. Вакви рампи за прв пат се поставуваат во Македонија, а целта на нивното поставување е да и овие лица можат непречено да се капат во...
Тепачка пред угостителски објект на ул. Железничка
Post Views: 16 На 10.07.2022 година во 04:35 часот, во СВР Охрид се приведени Д.Т.(32), Д.Џ.(35) и А.Т.(32), сите од Охрид.Тие, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т. од една, и Д.Џ. и А.Т.од друга страна. Притоа, Д.Т. се заканувал со остар предмет, но бил спречен од полициските службеници кои пристигнале на местото, со што бил избегнат поголем инцидент. Тие се приведени и по целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР.
Контрола во угостителски објекти, пронајден пиштол
Post Views: 13 На 10.07.2022 година во 00:15 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.Н.(30) од струшкото село Велешта. При преглед извршен во угостителски објект во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Екол“ и два куршуми калибар 6,35 милиметри. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 10.07.2022 година во 02:00 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се Е.П.(38) и О.С (39), двајцата од Струга. При извршена контрола во угостителски објект во Охрид, полициските службеници го затекнале О.С. како му...
Пронајдени фалсификувани пари кај жител на Елшани
Post Views: 13 На 09.07.2022 година во 22:30 часот во СВР Охрид е приведен 16-годишник од охридското село Елшани, бидејќи кај него се пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1050 евра и дрога.Имено, при преглед извршен на ул. „Гоце Делчев” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.