Автор: инфодеск
Post Views: 43 СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.И.(51) и Г.М.(56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено 21 кривично дело „измама”. Пријавените, во периодот од 17.08.2022 до 10.09.2022, телефонски им се јавувале на повеќе повозрасни лица од Охрид на кои лажно им се претставувале и ги известувале дека блиски членови на нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни несреќи.Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувале дека за одредена сума пари можеле да им помогнат за нивно...
Центарот за култура со извинување до јавноста
Post Views: 35 Поради проблемот кој што настана при продажба на карти за претставата „Секс, лаги и љубомора“ која што е закажана за 2-ри ноември, Центарот за култура преку соопштение јавно се извинува на охриѓани и воедно ја информира јавноста дека претставата повторно ќе се прикажува на 3-ти ноември. Соопштението го пренесуваме во целост :Почитувани љубители на тетарот, Центарот за култура „Григор Прличев”Охрид се извинува за проблемите кој што настанаа во вчерашниот ден при продажба на билети за претставата „Секс,лаги и љубомора”. Ве известуваме дека истата...
Тепачка на улицата Димитар Влахов
Post Views: 31 На 31.10.2022 година околу 11 часот на улицата „Димитар Влахов” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Љ.Н (64), врз Д.С.(38), двајцата од Охрид.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Акција за кабаст отпад во Пештани и Трпејца
Post Views: 106 Во четврток на 3-ти ноември ќе се реализира вонредна акција за кабаст и зелен отпад во с.Пештани и с.Трпејца.Жителите од овие села ќе имаат можност кабастиот и зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 03.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.
Секој прв ден во месецот бесплатен влез во музеите
Post Views: 43 Охридските музеи и културно историски споменици подостапни за граѓаните. Секој прв ден од месецот бесплатни влезници за посетителите.Во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите Ве известуваме дека влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од 1 (први) ноември 2022 год. заклучно со 1 (први) април 2023 година – информираат од Завод и музеј Охрид.Објекти отворени за посета се: Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште и Галерија на икони.
Игралиштето во Велгошти ќе блесне во нов сјај
Post Views: 51 Денес се одвиваат подготвителни активности за поставување на подлогата на повеќенаменското игралиште во Велгошти.Со овие активности, односно после поставувањето на горниот слој од подлогата градежните зафати ќе финишираат. Со тоа Велгоштани ќе добијат современо повеќенаменско игралиште. Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 3 700 000 денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Забрането паркирање на ул. Марко Цепенков
Post Views: 51 Се известуваат граѓаните дека поради изведување на градежни работи – поставување на атмосферска канализација на улица „Марко Цепенков“ во функција е времен режим на сообраќај.Се забранува паркирање во должина на оваа улица, на потегот од кружната крстосница на пресекот со улица „Момчило Јорданоски“ до Инфективното одделение при Општа Болница, Охрид.Овие градежни активности се дел од годишниот план на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици на Општина Охрид, за што уредно се информирани сите засегнати институции.
Нема решение за бездомните кучиња во Струга
Post Views: 51 Нема решение на проблемот со бездомните кучиња во Струга. Струшките советници едногласно изгласаа одлука за формирање на адхок тело за итно решавање на проблемот со уличните кучиња.Иницијативата предвидува заловување, стерилизација и хуман третман, но и по пет месеци општината не презема ништо.Средствата кои требаше да се одделат за оваа акција се минорни во поглед на она што општината го троши од сопствениот буџет. Значи преку 2 милиони евра општината од својот буџет одделува средства за непродуктивни и некапитални инвестиции, а се правдаме дека немаме 8...







