Skip to main content

Автор: инфодеск

Лешник Миа

Масло и путер од лешник МИА

Post Views: 123 Ладно цедено масло од лешник и путер од лешник од охридскиот бренд МИА веќе стануваат добро познати на пазарот како здрави органски производи од локално поднебје без никакви вештачки додатоци. Станува збор за една успешна бизнис приказна на охриѓаните Билјана и Саше Стефаноски која започнала сосема случајно со читање на интернет за модерните трендови со здрава храна.Пред 8 години овој пар, медицинска сестра и јавен службеник, без никакви претходни допирни точки со производство на храна, рекреативно ја насадиле првата плантажа со лешници. Немале намера...

Продолжи со читање

Слајс

Нова кариера во продажба во USA со Slice

Post Views: 35 Со големо задоволство Slice го најавува отворениот ден за кариера во продажба во канцелариите во Охрид. Доколку сте подготвени за кариера во меѓународно реномирана компанија, ве очекуваме на 4-ти ноември во нашите канцеларии во Охрид со почеток од 14:00 часот, информираат од Slice.Запознајте дел од тимот кој е заслужен за успехот на оваа светска компанија, научете неколку одлични совети и трикови во продажба, уживајте во одлична пица и бидете подготвени за можноста да бидете вработени на лице место.Ги покануваме сите ентузијасти да ни се придружат и да...

Продолжи со читање

Чистење шахти

Чистење на цврст отпад од шахти

Post Views: 48 Одделението за фекално одржување редовно врши чистење на цврст отпад од шахти и сливници за одведување на фекална и атмосферска канализација.При контрола на шахтите многу често се отстранува цврст отпад кој до колку од шахта прелие во цевковод прави запушување на мрежата и настанува дефект. Понатаму фекалиите се излеваат на улица или во нечиј двор или куќа на места каде нивото е пониско, како што беше случај со запушување на улицата „Никола Карев“ каде жителите цел месец беа поплавени со фекалии. При пробивање и чистење беа извадени кршени стакла и друг...

Продолжи со читање

Македонец светски првак Дота

Македонец стана светски првак во ДОТА 2

Post Views: 59 Професионалниот македонски е-спорт играч, Мартин Саздов – Сакса со неговиот тим Tundra Esports го освои трофејот на Светското првенство во познатата игра Дота 2.„Сакса“ и тајфата прво го совладаа Сикрет со 2-1 за пласман во големото финале, каде што Сикрет повторно обезбеди место со победата против Тим Ликвид (2-1), но сепак битката за трофејот на „Д Интернешнл“ или светското првенство во Дота 2 ја одбележа целосна доминација на Тундра (3-0).Тимот на Мартин во финалето го победи Team Secret со 3-0.Првенството во Дота 2 има награден фонд од 19 милиони...

Продолжи со читање

Струга

Спомен обележје за благодарност на стружани

Post Views: 37 Врз основа на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата, на 15-та седница на Советот на Општина Струга, по барање на Генералниот конзулат на Република Косово во Република Северна Македонија-Струга, беше изгласано да се постави спомен обележје-плоча, за гостопримството и благодарноста до стружани, информираат од Општина Струга.Низ историјата на човештвото се познати судбините на народите протерани од своите домови, но позната е и нескриената почит и солидарност на нивните браќа и пријатели. Во 1999 година граѓаните на Косово во најтешките денови се...

Продолжи со читање

Парични средства

Во тек е исплатата на октомвриските пензии

Post Views: 37 Денеска започнува исплатата на октомвриските пензии.Пензионерите кои не користат картички можат да си ги подигнат своите пензии во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) иЗа пензии со висина...

Продолжи со читање

Хор Менада

Три дена македонска култура во Корча

Post Views: 36 Поминаа три незаборавни дена во Корча, 27 – 29 октомври, кога во организација на Амбасадата на Македонија и македонскиот Културно-информативен центар во Тирана се одржаа ,,Денови на македонска култура“.На Универзитетот ,,Фан Ноли“ беа одржани часови по македонски јазик. Интенцијата е овој настан да се заокружи со отворање лекторат по македонски јазик во градот Корча.Во Градската библиотека во Корча, градоначалникот Сотираќи Фило и неговите соработници, заедно со нашиот амбасадор, Данчо Марковски, и директорот на КИЦ – Тирана, Златко Ориѓански, отворија...

Продолжи со читање

Свети Лука

Свети апостол и евангелист Лука

Post Views: 35 Според календарот на МПЦ денес 31 октомври е посветен на Светиот апостол и евангелист Лука.Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на...

Продолжи со читање