Автор: инфодеск
Post Views: 36 Деновиве се одвиваат градежни работи за изградба на нов водовод за потребите на жителите на село Куратица. Со овие зафати значително ќе се подобри водоснабдувањето во текот на целата година.Инвестираме во секој дел на територијата на Општина Охрид. Проектот го изготвивме по претходно извршени геомеханички испитувања. Вредноста на проектот е околу 800 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Пецаков.
Викендов почнува зимското сметање на времето
Post Views: 40 Викендов, 29-ти спроти 30-ти октомври започнува зимското сметање на времето.Стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад, со што времето во 3 часот ќе се смета за 2. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.И покрај најавите за можно останување на летното сметање на времето, сепак Владата одлучи да нема промени во досегашното летно и зимско сметање на времето.
Зголемен интерес за имунизација од грип
Post Views: 40 Зголемен интересот за имунизација од сезонски грип. Заклучно со вчера, во октомври биле аплицирани над 20.000 вакцини за сезонски грип, а преку Мој термин закажани се 39.000 термини за вакцинирање со точен датум и пункт, соопшти денеска министерот за здравство Беким Сали.Министерот најави дека од следната недела започнува имунизација на терен, односно вакцинирање на лица од дом за стари и пациенти во дијализни центри. Со бесплатна вакцинација се опфатени граѓаните од ранивите групи: стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени...
Стружанец координатор на криминална група во Австралија
Post Views: 64 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лиши од слобода И.Р.(27) од Струга, со македонско – австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е...
Наплив на пациенти на детското одделение во Струга
Post Views: 84 Во охридско-струшкиот регион зголемен е бројот на респираторни инфекции. Најкритично е во време на викенди и празници, кога има и по 200 деца за преглед. Секојдневно е голем бројот на пациенти, просечно има по стотина прегледи. Оваа есенска сезона најактуелни се вирусните респираторни инфекции кај децата, кои многу често доведуваат до компликации.Најповеќе има деца со респираторни вирусни инфекции, бидејќи времето е такво. Имаме деца со ларингитис, фарингит, со горно респираторни инфекции и со долно респираторни инфекции. Со горно респираторни има полесни...
Основци од Св. Климент Охридски во посета на Дебрца
Post Views: 41 Учениците од 4-то одделение од ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид, во рамките на предметот Историја и општество денеска ја посетија Општина Дебрца.Учениците ги запознав со личната карта на општината и одговорив на нивните прашања. Ми беше чест и големо задоволство да разговарам со нив и да бидам нивни домаќин. Прекрасни се сликите од мојот кабинет и влезот на општинската зграда, исполнети со детски насмевки – напиша градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.
Избрани најкреативните решенија за дизајнирање на Пензиски парк
Post Views: 43 Вчера во просториите на Архитектонскиот факултет беа изложени цртежите на студентите кои учествуваа на конкурсот за дизајн на „Пензиски парк“ со површина од 5.000 квадратни метри, во рамки на кампањата „Засади желба за поубава иднина“ во организација на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје.На овој конкурс со свои цртежи беа пријавени многу студенти од Архитектонскиот факултет и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ од кои жири комисијата избра три...
Пронајдени пресечени стебла дабово дрво
Post Views: 111 На 27.10.2022 година во 11 часот, при извршена контрола кај месноста „Страчка” во атарот на селото Подмолје-општина Дебрца, полициските службеници од СВР Охрид пронајдоа пресечени 10 стебла дабово дрво со висина од 4 метри.Дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.







