Автор: инфодеск
Views: 160 По речиси четири години од нападот врз Христијан Пендиков во Охрид, судскиот процес доби нова разрешница. Основниот суд во Охрид ги ослободи од обвинение Илија Спасески и Борче Ангелов, кои се товареа за нанесување тешка телесна повреда од омраза поради национална припадност. Случајот повторно се најде пред првостепениот суд откако Битолска апелација ги уважи жалбите на претходната пресуда, во која и двајцата обвинети беа осудени на по 8 месеци ефективен затвор.„Денес Основниот суд во Охрид, постапувајќи во целост по дадените укажувања од страна на...
Промовирано петтото издание на поетската збирка „Тие доаѓаат“
Views: 457 По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во Охрид беше промовирано јубилејното петто издание на поетската збирка „Тие доаѓаат“, во која се објавени творби на млади автори. Проектот на Општина Охрид со години ја поттикнува креативноста кај учениците, ја негува љубовта кон македонскиот јазик и им дава можност на младите поети да ги претстават своите литературни творби.Промоцијата се одржа во Галеријата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, во присуство на ученици, наставници, љубители на пишаниот збор и културни дејци. На настанот беше...
Во понеделник прекин на водоснабдувањето во цела Општина Струга
Views: 169 Жителите на Општина Струга во понеделник, 26 октомври, ќе останат без вода од 9 до 14 часот поради изведување работи за замена на вентили, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга.Прекинот ќе ја опфати целата територија на Општина Струга, а од јавното претпријатие апелираат до граѓаните за разбирање додека траат работните активности.
Распишан конкурс за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2026 година
Views: 467 Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид го распиша конкурсот за избор на најдобра поема за 2026 година. Авторите можат да учествуваат со необјавени дела на слободна тема, со најмалку 912 стихови, а крајниот рок за доставување е 21 ноември.Конкурсот е анонимен, а најдобрата поема ќе биде избрана од тричлено жири составено од реномирани македонски автори. За победничкото дело е предвидена парична награда.Поемите треба да бидат испечатени еднострано на формат А4, со големина на фонт од најмалку 11 пункта, и доставени во четири идентични, шифрирани примероци. Секој...
Кривична за стружанец кој без дозвола изградил ограда со потпорен ѕид во Радожда
Views: 460 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.Според пријавата, на катастарска парцела во струшкото село Радожда, пријавениот неовластено и без соодветна документација издадена од надлежен државен орган изградил ограда со потпорен ѕид.
Свечена академија „Од идеја до независност“ ќе се одржи вечерва по повод 23-ти Октомври
Views: 137 Свечената академија „Од идеја до независност“ ќе се одржи вечерва со почеток во 19:00 часот на малата сцена во НУ ЦК „Григор Прличев“, во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.На академијата најавено е обраќање на претставник на Општина Охрид и настап на актерите Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски, етно групата Дамар, солистките Билјана Буџакоска и Исабела Димоска, ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ под менторство на проф. Перчо Божиновски, учениците од ООУ „Григор Прличев“ под менторство на...
Јабланица со години чека да стане Национален парк
Views: 120 Долгогодишната иницијатива за прогласување на Јабланица за национален парк сè уште чека институционална разврска. По првата студија за валоризација во 2009 година и долгото задржување на постапката во институционалните процедури, изработена е нова студија во која се вреднувани природните вредности и актуелната состојба на планината.Од Македонското еколошко друштво велат Јабланица има големо значење за зачувувањето на биолошката разновидност, поради присуството на ретки ендемични видови.„Во моментот е направена нова студија за валоризација со новата состојба и...
Успешен настап на охридските стрелци на третиот Куп во гаѓање со воздушно оружје
Views: 196 Стрелците од охридските клубови СК „Охрид“ и ЖСК „Лихнидос“ остварија забележителни резултати на третиот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма, кој изминатиот викенд се одржа во Националниот тренинг-центар во Скопје. На натпреварот, во организација на МССФ, учествуваа околу 80 стрелци, а охридските натпреварувачи освоија едно прво и две втори места.Во јуниорска конкуренција со воздушен пиштол, Иван Милевски од СК „Охрид“ се врати на победничкиот пат по подолг период на пауза поради повреда. Тој го освои првото место со резултат од 543 круга....









