Skip to main content

Автор: инфодеск

Во Општата болница во Охрид изграден централен цевковод за медицински кислород во интернистичкиот блок

Views: 183 Во ЈЗУ Општа болница – Охрид е завршена изградбата на централен цевковод за медицински кислород во интернистичкиот блок, проект реализиран со финансиски средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.Со инвестицијата, одделенијата за Интерно, Неврологија и Педијатрија се поврзани на централен систем за снабдување со медицински кислород, со што целиот интернистички блок добива современо и континуирано снабдување.Од болницата информираат дека новиот систем значително ги подобрува условите за лекување на пациентите, овозможува...

Продолжи со читање

Филмот „Приказна за една охридска свадба’ го оживеа минатото

Views: 340 Песна, адети, семејна топлина и вековна традиција…Така започнува приказната за една охридска свадба , обичај што со децении се пренесувал од генерација на генерација, а денес полека исчезнува под налетот на современото време.Зурли и тапани…дарување..Бричењето на зетот…Месењето на свадбарската погача…Ова се живи сведоштва за идентитетот на Охрид,  на кои учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј”  повторно  им вдахнаа живот преку филмот „Приказна за една охридска свадба”.Но младите од...

Продолжи со читање

Во Струга продолжува ослободувањето на јавните површини од урбана опрема

Views: 319 Општина Струга соопшти дека продолжува акцијата за ослободување на јавните површини, а од денес целосно е ослободен и достапен за граѓаните и посетителите еден од најатрактивните делови на градот, текот на реката Дрим од излезот од Охридското Езеро.„Ова е уште еден важен чекор во нашата заложба јавните површини да им ги вратиме на граѓаните, обезбедувајќи слободно движење, рекреација и поуредена и поубава животна средина за сите“, наведуваат од Општината.Воедно, Општина Струга упатува апел до граѓаните и деловните субјекти да не ги узурпираат јавните површини....

Продолжи со читање

За првпат во Вевчани ќе се одржи фестивал на зурли и тапани

Views: 363 За првпат во Вевчани ќе се одржи фестивал на зурли и тапани , манифестација посветена на зачувувањето на македонскиот традиционален мелос и автентичниот звук на овие  препознатливи народни инструменти.На едно место ќе се соберат зурлаџии и тапанари од повеќе градови во земјава, со цел да ја негуваат и пренесат музичката традиција на идните генерации.„Ваков настан нема во државата, а според нашите информации нема ни пошироко… Планираме да стане традиционален и секоја година да се организира на овој датум.”- вели Славе Куковски, Здружение на зурли и...

Продолжи со читање

Почна чистењето на ресите во градскиот дел од коритото на Црн Дрим

Views: 295 Почна традиционалното косење на ресите во градскиот дел од реката Црн Дрим во Струга, а активностите треба да завршат најдоцна до 3 јули.Акцијата и оваа година ја организира Подружницата ХЕС „Црн Дрим“ при АД ЕСМ.-Иако, за нас ова не претставува законска обврска, водени од желбата за зачувување на автентичната убавина на Струга и чистата животна средина, веќе со години наназад целосно ја организираме и реализираме оваа акција. По навремено спроведената тендерска постапка и изборот на специјализирана компанија за чистење на речното корито, активностите на терен...

Продолжи со читање

Свр охрид

Три инциденти со физички напад во Охрид во изминатите 24 часа

Views: 203 На 29 јуни 2026 година, во 05:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 34-годишен жител на Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата партнерка. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Истиот ден, во 11:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, едно лице физички нападнало жена, двајцата од Охрид. По целосното документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.Во 05:10 часот, на улицата „Коста...

Продолжи со читање

Добротворен концерт за поддршка на лица со дијабет во предворје на Св. Софија

Views: 247 На 1 јули 2026 година, со почеток во 19.30 часот, во предворјето на црквата „Св. Софија“ ќе се одржи добротворен концерт по повод 15 години од постоењето на ресторанот „Кај Каневче“.На концертот ќе настапат Ѓоко Ѓорчев и Катерина Танева, кои со своите безвременски хитови ќе бидат дел од една вечер исполнета со музика, дружење и хуманост.Настанот се организира во соработка со Здружението на лица со дијабет од Охрид, а собраните средства ќе бидат наменети за поддршка на лица со дијабет и за набавка на сензори за деца на кои им се неопходни во секојдневната грижа за нивното...

Продолжи со читање

Вечерва во Охрид „Распеана чаршија“ со ВИС Билјана

Views: 245 Денес охриѓани и посетителите на градот ќе имаат можност да уживаат во музичкиот проект „Распеана чаршија“,во организација на музичката група ВИС Билјана.Настанот ќе започне во 19:30 часот со свечено дефиле низ Охридската чаршија, кое ќе внесе празнична атмосфера и ќе ги оживее старите градски улици со музика и песна.Програмата продолжува во 20:00 часот со концерт кај Чинарот, каде ВИС Билјана ќе настапи со репертоар исполнет со македонски староградски и народни песни, создавајќи вечер посветена на традицијата, музиката и духот на Охрид.-Ги покануваме сите љубители...

Продолжи со читање