Skip to main content

Автор: инфодеск

Свр кампања емуц

СВР реализира едукативен проект во ОЕМУЦ

Post Views: 28 СВР Охрид денеска (26.10.2022) започна со реализација на превентивно-едукативниот проект „Стоп за говорот на омраза”.Полициските службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид со учениците во прва година од Електро-машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски” во Охрид, имаа интерактивен час за препознавање на елементите на говор на омраза, но и за потребата од меѓусебно почитување односно превенирање на било каков вид на насилство.На учениците им беа поделени и летоци и друг едукативен материјал.Проектот што ќе се реализира во...

Продолжи со читање

Полициски службеници

Во Охрид 5 возила испратени на технички преглед

Post Views: 59 На 25.10.2022 година од 08 до 14 часот, беа преземени сообраќајни контроли на возила и возачи, во Охрид и Кичево.Контролирани се вкупно 75 патнички и други моторни возила (Охрид-50, Кичево-25) и на вонреден технички преглед испратени се 15 возила (Охрид- 05, Кичево- 10). Притоа, кај 02 возила, констатирани се технички неисправности (Охрид-01, Кичево-01 неисправен уред за сопирање). Против возачите на технички неисправните возила, поднесени се барања за поведување прекршочни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Гимназија

Гимназијалци се едуцираа за менталното здравје

Post Views: 177 Ученчки од охридската гимназија направија едукативен краткометражен филм на тема „ Депресија“. Средношколките, од II година, Наталија Танеска и Марија Зороска преку својот авторски филм на своите соученици сакаат да им ја доближат темата за менталното здравје кое е посебно кревко во периодот на адолесценција.„Идејата е да се прикаже реалистичната слика на тоа како може нештата да изгледаат и дека не е секако ко што изгледа на прв проглед. Некоја личност која што навидум се смее, може да е тажна длабоко во себе. Целта беше да се докаже дека треба да сме...

Продолжи со читање

Конференција Тирана

Конференција за Дримски басен во Тирана

Post Views: 30 Преставници на Општина Дебрца присуствуваат на дводневната 9-та Конференција на засегнати страни во рамки на Дримскиот басен која се одржува во Тирана. Темата на оваа конференција е „Меморандум на разбирање за управување со Проширениот прекуграничен Дримски басен“.Конференцијата ќе обезбеди платформа за засегнатите страни да се информираат и да дадат инпут за случувањата во врска со имплементација на Дримскиот меморандум и Дримската САПа, заедно со можностите што тие ги создадоа за иднината, да се зајакне соработката и влијателната акција кон одржливи...

Продолжи со читање

Водоводна линија на ул. Дејан Војвода

Нова водоводна линија на ул. Дејан Војвода

Post Views: 65 Екипи на ЈП „Воводод“ започнаа со активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф110 во должина од 190 м – информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Продолжи со читање

Изгорени автомобили

Пожар во Хрватска, изгореа неколку автомобили

Post Views: 52 Во Загреб околу 2 часот и 27 минути по полноќ биле запалени неколку автомобили во улицата Мије Болшица, јавува ЈВП Загреб. Пожарникарите велат дека добиле дојава од граѓани за пожар на автомобил на паркинг, но пожарот се проширил и на неколку други возила.Двапати слушнавме сирени и не разбудија среде ноќ, потоа отидовме до прозорецот и видовме дека паркингот гори. Кутрите луѓе – рекле соседите кои ја набљудувале полициската истрага.Едно возило е целосно изгорено, а седум возила се оштетени од пожар. Се чини дека автомобилот се запалил на паркингот,...

Продолжи со читање

Пензионери

Од понеделник исплата на октомвриските пензии

Post Views: 37 Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година. Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31.10.2022 година.За клиентите кои не користат картички, се препорачува на деловните банки преку филијалите и...

Продолжи со читање

Судење за убиството на Денис Тот

Продолжува судењето за убиството на Денис Тот

Post Views: 47 Со изведување на материјални докази од обвинителството во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје.Обвинителката Тања Трајчевска на денешното рочиште изведе материјални докази – рентген снимки од оштетениот Денис Тот изготвени од Судска медицина.На минатото рочиште беа изведени видео материјали од безбедносните камери на дискотеката и Сејф сити системот, на кои се гледаат случувањата пред дискотеката на кобната ноќ на 7 април...

Продолжи со читање