Skip to main content

Автор: инфодеск

Казнети 17 возачи на мотоцикли во Охрид

Post Views: 9 На 03.07.2022 година од 18 до 24 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон возачи на мотоцикли.Притоа, полициските службеници регистрирале 45 прекршоци (Охрид-17, Струга-15, Кичево-04, Дебар-09) од кои, најчест е неносење заштитна кацига во текот на управувањето. Апелираме до возачите на мопеди и мотоцикли на доследно носење на севкупна заштитна опрема за време на управувањето со мотор и мопед со цел, зголемување на личната безбедност во сообраќајот – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

(ОБНОВЕНО) Се издава простор за продажба на пченки

Post Views: 9 ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава простор –локација поставување мобилна опрема до 2м² за намена продажба на пченки.1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенириПлоштад Крушевска Република-Вкупно 3 локации  10,11,12Кеј Македонија – Вкупно 3 локации, локација 7,8,9Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-9114/2 од 29.06.2022.Локациите за поставувње мобилна опрема ќе се издаваат за период на времетраење од 01.07.2022 до 01.10.2022...

Продолжи со читање

Сиднеј под вода, наредена евакуација

Post Views: 12 Повеќе од 32.000 жители во и околу Сиднеј денеска се евакуираат или се подготвуваат да ги напуштат своите домови, бидејќи најголемиот град во Австралија се подготвува за најлошите поплави во последните 18 месеци.Делови од градот, кој има пет милиони жители, се соочуваат со четврта вонредна состојба од поплави за една и пол година, а силниот дожд предизвика излевање на високи брани и реки во петокот.Министерот за вонредни ситуации Мареј Ват изјави дека според последните информации, постои голема шанса поплавите да бидат полоши од претходните три што ги...

Продолжи со читање

Исплата на правата од детска и социјална заштита

Post Views: 14 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2022 година.Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јули 2022 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе...

Продолжи со читање

Комуналец го исчисти манастирскиот комплекс Св. Наум

Post Views: 14 После празникот Св. Наум Охридски и посетата на огромен број верници, утрово екипи од ЈП “Охридски Комуналец“ го чистеа манастирскиот комплекс Свети Наум. Се чистеше од самиот влез до дворот и целата околина на манастирот – информираа од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Реконструирана улицата Даскалој Обиколница

Post Views: 6 Денес ќе биде целосно завршена изградбата на реконструирана улица „Даскалој – Обиколница“ во Општина Вевчани.Продолжуваме со реализација и изградба на локалните улици во Вевчани. Изградена е локалната улица „Даскалој – Обиколница“. Поради причини од техничка природа, на двата канали сеуште не е поставена решетка. Се замолуваат граѓаните кои ја користат оваа делница, да се воздржат од користење на истата во текот на викендот се до понеделник, кога изградбата ќе биде завршена во целост – информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе...

Продолжи со читање

Две лица нападнале полициски службеници

Post Views: 10 На 02.07.2022 година во 02:50 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, по претходно нарушен јавен ред и мир, приведени се Р.Р.(21) од струшкото село Теферич и И.Р.(48) од Струга.Тие се однесувале агресивно кон полициските службеници кои, при извршен преглед, кај нив, пронајдоа и одзедоа два ножеви и еден метален пендрек. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Нападната 17-годишна девојка од Охрид

Post Views: 8 На 02.07.2022 година околу 3 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, С. Б. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир.Тој физички нападнал 17-годишна девојка од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање