Автор: инфодеск
Post Views: 33 На 26-ти октомври со почеток во 12 часот ќе се одржи свечен настан по повод завршувањето на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“. Проектот е финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на Македонија.Настанот ќе се одржи во просториите на Оперативниот Центар на Планинската спасителнаслужба во Охрид на ул. Кленоец бр. 2А.Проектот е реализиран од страна на Црвен крст Охрид, во партнерство со општините Дебрца,РСМ и Грамш, Албанија и Алпинистичкиот клуб...
Приведен 23 годишен охриѓанец
Post Views: 37 На 22.10.2022 во 00:55 часот во СВР Охрид приведен е 23-годишниот К.М. од Охрид.Тој претходно на улицата „Партизанска” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и удирање на стакло од угостителски објект на истата улица. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Охрид го чествува 23 октомври
Post Views: 35 Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите во градскиот парк, по повод 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба.Пред спомен обележјата на великаните се поклонија и претставници од Сојузот на Борците од НОБ, здруженија, политичките партии и граѓани од Охрид.23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба свечено беше одбележан во Спомен куќата на македонскиот револуционер и војвода Христо Узунов.
Ден на македонската револуционерна борба
Post Views: 37 Денеска Македонија го чествува 23-ти октомри, Денот на револуционерната борба.Празнувајќи го 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба, го празнуваме и чествуваме формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. На 23 октомври 1893 Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја основале тајната група нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор и била почеток на...
Тепачка во близина на бензиска пумпа во Охрид
Post Views: 35 На 21.10.2022 година во 09:40 часот во СВР Охрид приведени се А.Ј.(41) од Охрид и Б.М.(32) од струшкото село Татеши.Тие во близина на бензиска пумпа на булеварот „Железничка” во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Алтернативни поставки на Римска гробница
Post Views: 108 Виртуелната реконструкција и изработената макета на римската гробница од Видобишта се поставени и промовирани во дворот на Културниот центар Лапидариум во Музејската зграда на Куќата на Робевци во Охрид.Проектот e изработен од Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина Регионален Зелен Центар Охрид во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците и културата и Музеј Охрид. Три месеци континуирано теренското документирање и кабинетска обработка на материјалот беа потребни за добивање на финалниот производ со кој се олеснува пристапот до...
Субвенции на уплатената такса за престој на туристи
Post Views: 49 Општина Охрид објавува Јавен повик за поднесување барања за добивање субвенции на уплатената такса за привремен престој на домашни и странски туристи.Повеќе информации на следниот линк
Успешно отсечени двете јасики на ул. Кленоец
Post Views: 39 Успешно реализирана акцијата за отстранување на двете јасики на ул. Кленоец.Екипите на Паркови и зеленило денеска безбедно ги отстранија јасиките кои претставуваа опасност по околното население и случајните минувачи.Активностите ги реализиравме по претходно добиено Решение од општина Охрид од Комисијата за преземање мерки и активности за отстранување дрвја – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.







