Автор: инфодеск
Post Views: 30 ЈП „Охридски Kомуналец” на 22.10.2022 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14. Радојца Новичиќ.Жителите од оваа урбана заедница ќе имаат можност кабастиот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07 часот на 22.10.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07-21 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Кривична пријава за кривично дело затајување
Post Views: 42 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”.Тој на 21.09.2022 година, неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари – информира портпаролот на секторот.
Охриѓанец пронајден починат на плажа
Post Views: 34 На 20.10.2022 година во 19:05 часот во СВР Охрид пријавено е дека на плажа на брегот на Охридското езеро, пронајден починат е М.Р.(64) од Охрид.Екипа на Итната медицинска помош Охрид констатирала смрт без траги на насилство, а телото, по наредба на Јавен обвинител е предадено на семејството – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Вучиќ предлага доживотен затвор за силувачите
Post Views: 36 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на премиерката на Србија Ана Брнабиќ и испратил иницијатива за промена на кривичниот закон. Иницијативата А вклучува зголемени затворски казни за силувачи, потоа злоупотреба на деца, злоупотреба на ранлива личност, недозволени сексуални дејствија, семејно насилство и злоупотреба на положбата.Претседателот вели дека тоа го направил согласно член 23 од Законот за претседател на Република на Уставот на Република Србија, член 40 од Законот за влада и член 82 од Деловникот на Владата на Србија, на што има...
Финансирање предлог идеи за социјална заштита
Post Views: 36 Општина Охрид објавува Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјална заштита за 2023 година.Повеќе информации на следниот линк
АППТ учесник на белградски форум
Post Views: 40 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на 19-ти и 20-ти октомври учествуваше на овогодинешниот традиционален белградски форум кој е во организација на белградската туристичка организација и Центар за развој на туризмот „CERTUS”, со поддршка на Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија.Директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски е учесник на панелот „Отворен Балкан – како да го разберете и да го пополните со заедничка туристичка содржина”, на покана на директорот на Туристичката организација на Белград, г-дин...
УИНТ ќе го прослави својот патронен празник
Post Views: 31 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во сабота 22 октомври 2022 година ќе го прослави својот патронен празник.Свечената церемонија по тој повод ќе се одржи во Амфитеатарот на Универзитетот со почеток од 13 часот.Универзитетот оваа година прославува 13 години од своето постоење и продолжува во градење на својата успешна приказна како препознатлив охридски бренд со светско реноме.УИНТ е основан како државен универзитет специјализиран во информатичките науки и технологии и останува посветен на развојот на...
Британската премиерка поднесе оставка
Post Views: 34 Премиерката на Британија Лиз Трас поднесе оставка по само 44 дена на функцијата, со што стана премиер со најкраток мандат во историјата на Британија. Трас, ја презеде функцијата од Борис Џонсон на 6 септември.Таа во изјавата што ја даде во живо на телевизија, рече дека поднесува оставка, но ќе остане на функцијата додека не се избере нов лидер.Изборите за лидер ќе бидат завршени во текот на следната недела, рече Трас.Оставката уследи по речиси тоталниот колапс на нејзиниот политички авторитет. Таа, според весникот Гардијан, придонесе за крах на...







