Автор: инфодеск
Post Views: 40 Шпанија следниот месец ќе испрати осум воени авиони во Бугарија за да помогне во нејзините надзорни задачи во време на руската инвазија на Украина, изјави денеска бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов.Тој прецизира дека шпанските авиони „Еурофајтер“ се очекува да слетаат во Бугарија на 1-ви ноември и ќе извршуваат должности за заштита на воздушниот простор заедно со бугарските воздухопловни сили до 23-ти декември.Ова е уште една мисија за засилена воздушна полиција. Тоа ќе биде заедничка должност за безбедност на воздушниот простор –...
Можат ли младите да променат нешто?
Post Views: 112 Младите треба да се архитекти на својата иднина. Колку младиот човек реално учествува во процесите на креирање на младински политики и донесување одлуки кои се однесуваат на неговата положба во општеството? И по две години од донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики, неговата имплементација оди бавно.iFrameResize({}, '.webform-share-iframe');
Изградба на локална улица во Вевчани
Post Views: 32 Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион, како дел од активностите на Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година, обезбедени се средства за реализација на следните проекти:-Изградба на локална улица Попој-Млака; и Комплетна реконструкција на кујната во детската градинка ЈОУДДГ „Планински цвет“ во Вевчани.По завршување на потребните административни процедури ќе се започне со реализација на проектите – информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски...
Приведен крадец во Струга
Post Views: 26 Струшката полиција утринава лишила од слобода малолетник кој се сомничи дека ноќеска украл компјутери, лаптопи и друга техника од новата зграда на Општина Струга, во која пред само неколку дена се преселила општинската администрација.Освен во зградата на Општината, малолетникот се сомничи дека ограбил и продавница за мобилни телефони во Струга.Од МВР информираа дека одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, а малолетникот е задржан во полициска станица и во присуство на неговите родители со него ќе биде извршен службен разговор.За...
Утрово најстудено на Попова Шапка
Post Views: 36 Утрово е најстудено на Попова Шапка, еден степен, а најтопло во Дојран, 14 степени.Според УХМР, до 8:30 часот во Берово и Лазарополе се измерени два степена, во Битола 3, 4 во Маврови Анови, Крива Паланка и Струмица, 5 во Тетово, Претор и Штип, 6 во Демир Капија, Дебар и Крушево, 7 во Прилеп, 8 во Охрид и Виница, 10 во Скопје – Петровец и Куманово, 11 во Скопје – Зајчев Рид, како и 12 степени во Гевгелија.Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен...
Намален водостојот на Охридското езеро
Post Views: 31 За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро во споредба со вчера, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за пет сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за октомври. Пониско од просечното и тоа за 1,79 метри е и нивото на Преспанското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,44 метри повисок од просечниот.
Бугарски државјанин фатен со два ножа во ТЦ АМАМ
Post Views: 62 На 19.10.2022 во 11:00 часот во трговски центар „Амам” на булеварот ,,Македонски Просветители” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, го лишија од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија.При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје. Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид – информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.
Конкурс за избор на најдобра поема
Post Views: 26 НУ Центар за култура „Григор Прличев“ распишува конкурс за избор на најдобра поема „Глигор Прличев“ за 2022 година.Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 20-ти ноември 2022 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само...







