Автор: инфодеск
Post Views: 44 Со пригодна свеченост која се одржа вчера, РЦСОО „Ванчо Питошески“ го одбележа својот патронен празник.Директорот Марјан Радески им додели благодарници на учениците кои учествуваа на меѓународниот натпреват „ГАТУС 2022“ и освоија медаљи, а на вработените кои прославуваат јубилеј од своето вработување им додели пригодни награди.Во рамките на одбележувањето на патронатот, во просториите на училиштето беше приреден коктел подготвен од страна на учениците.
Автомобил се запалил во движење
Post Views: 39 На 18.10.2022 во 19:40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на регионалниот пат Охрид–Струга, се случил пожар во возило во движење „Форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(60) од селото Слепче, демирхисарско, во кој нема повредени лица.Интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Нов Дневен центар за лица со посебни потреби во Струга
Post Views: 36 Се остварува сонот на стружанецот Ергин Борова, за изградба на Дневен центар за децата со посебни потреби. Пред две години тој го преплива Охридското езеро со оваа благородна иницијатива, лицата со посебни потреби да добијат пристојно катче за згрижување, едукација и нега.Во соработка со општината избрана е локација, во тек е ентериерното уредување, а отворањето е планирано следниот месец. Во објектот се очекува да бидат сместени 20-тина деца.Општината ќе ни гарантира храна за сите деца во текот на целата година, а за сите други дополнителни активности...
Бектеши: Најголем дел институции штедат струја
Post Views: 43 Институциите минатиов месец потрошиле помалку струја споредено со септември минатата година покажала Анализата на ЕСМ за заштеда на електрична енергија. Општините во Македонија во просек заштедиле 29 проценти од потрошувачката во однос на лани, од 81 општина,56 направиле заштеда поголема од 15 проценти, а 25 не ја постигнале маргината, кажа Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.Најмногу отстапуваат општините Арачиново, Гостивар и Свети Николе. Компаниите во државна сопственост успеале да заштедат во просек до 8 проценти. Некои субјекти имале зголемена...
Свети апостол Тома
Post Views: 61 Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите.Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение. Да се потсетиме дека апостол Тома ги...
Зараза со бактерија што јаде месо на Флорида
Post Views: 38 Округот Флорида, уништен од ураганот Иан минатиот месец, забележа скок на случаи и смртни случаи од бактерија што јаде месо. Властите велат дека имало 29 случаи и четири смртни случаи во округот Ли.Инфекцијата со бактеријата Vibrio vulnificus може да се случи откако бактеријата, која вообичаено живее во топла соленкава вода, ќе влезе во телото преку откриени исеченици или рани, пишува BBC.Одделот за здравство на Флорида забележа абнормално зголемување на случаите на инфекција со Vibrio vulnificus во округот Ли поради изложеност на поплави по ураганот Иан...
Оружје и дрога пронајдени кај стружанец
Post Views: 39 На 18.10.2022 во 18:00 часот во населбата „Плитишта“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Д.У.(36) од Струга.При претрес во куќата што ја користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две рачни бомби, два куршуми со различен калибар, една воздушна пушка „Гамон“, ќеса со марихуана и други предмети.Тој бил задржан во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Се асфалтира улицата Будва
Post Views: 31 Градоначалникот Кирил Пецаков, изврши увид на градежните активности за асфалтирање на улица „Будва“. Во текот на вчерашниот ден стартуваше првата фаза и се асфалтираше еден крак во должина од 250 метри.Активностите за асфалтирање на улица „Будва“ продолжуваат и во наредните денови. Претходно екипи на ЈП „Нискоградба“ на оваа улица работеа на поставување на нова атмосферска канализација. Вредноста на проектот изнесува 7 000 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.Градоначалникот ги посети и подготвителните работи за асфалтирање на улицата...







