Skip to main content

Автор: инфодеск

Расказот „Мизенабим” е најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“

Post Views: 158 Расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела”е најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.Комисијата во состав: Димитар Пандев, претседател, Бранко Цветкоски, член и Зоран Јаќимоски, член, во изготвениот извештај истакна:„Наградениот расказ „Мизанабим” се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско...

Продолжи со читање

Св. Параскева Римска – Св. Петка, заштитничка од болести и несреќи

Post Views: 253 Денеска православните верници ја слават Света Петка летна.Света преподобна маченичка Петка Римјанка се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа...

Продолжи со читање

Првачиња

15% пониски цени на училишниот прибор до 15 септември

Post Views: 173 Владата донесе одлука со која ги задолжува трговците да ги намалат цените на училишниот прибор, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“, со цел да се заштити животниот стандард на граѓаните пред почетокот на учебната година.Со одлуката на владата, трговците на мало и големо кои продаваат училишен прибор, односно ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари...

Продолжи со читање

Збогум Буково го испитува јавното мислење за одлагање на кабаст и зелен отпад

Post Views: 200 Една од основните причини за создавањето на дивите депонии на територијата на Охрид и охридскиот регион е неправилното и несовесно одлагање на кабаст, зелен и друг тип на опасен отпад, велат од Збогум Буково.Општината на Охрид како дел од подготовките за спроведување на Планот за управување со отпад веќе има одредено место за изградба на собирен центар како и основен план за дизајнот и фракциите на отпад коишто таму ќе се одлагаат. Збогум Буково во насока да го потпомогне процесот спроведува мала анкета за испитување на мислењето на граѓаните во однос...

Продолжи со читање

Сиљановска-Давкова во Охрид оствари средба со претставници на „Збогум Буково“

Post Views: 141 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими основачите на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ – Охрид, Драгана Карашова, Ѓорѓи Љатко, Симеон Карашов и Љиљана Илиевска.На средбата во вила „Билјана“, еко-активистите ја информираа претседателката за нивните активности во справувањето со отпадот на депонијата „Буково“ и воопшто, со заштитата на животната средина во Охрид и околината, соопшти кабинетот на претседателката.– За нив состојбата сѐ уште е загрижувачка, со оглед на фактот дека депонијата честопати се пали, ширејќи чад со...

Продолжи со читање

Фестивал на пчелни производи од локални пчелари „Пчели и мед“ на плоштадот Крушевска Република

Post Views: 185 Во деновите 8, 9 и 10 Август 2025 година, на плоштадот Крушевска Република ќе се одржи манифестација „Пчели и мед“ во организација на Пчеларското здружение Охрид.На манифестацијата локалните пчелари ќе го изложат својот мед и пчелни производи, а потрошувачите ќе можат да ги дегустираат различните племенити вкусови и специфичности на охридскиот мед. -Ги очекуваме сите љубители на пчелни производи, сите љубители на природата, дечињата и сите добронамерни посетители, порачуваат од Пчеларското здружение Охрид.

Продолжи со читање

Општина Охрид доби 8 прочистувачи на воздух кои ќе бидат поставени во основните училишта

Post Views: 145 Општина Охрид доби 8 нови прочистувачи на воздух од програмата на Владата на Република Македонија кои ќе бидат поставени во основните училишта во општината.Оваа мерка е дел од програмата на Владата за подобрување на квалитетот на воздухот и покажува сериозен напор за намалување на критичните концентрации на штетни честички, како што се PM10 и PM2.5, кои претставуваат главна закана за здравјето.Се работи за напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL кои ќе помогнат во елиминацијата на вируси,...

Продолжи со читање

Седмо издание на манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“

Post Views: 330 Во сабота, 9-ти август, започнува седмото издание на манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“. – По седми пат го славиме духот на уметноста и традицијата во ова мало место на мапата, но големо по душа. Придружете ни се, инспирајте се, создавајте, порачуваат организаторите.Манифестацијата ќе се одржи во центарот на село Пештани, а присутните ќе можат да ја видат жива традиција на замесување за свадба, да уживаат во староградска музика, повозрасните жители на селото ќе ги споделат спомените, легендите и вредностите од минатото. На програмата има и...

Продолжи со читање

Книжевно-музички настан: пет години „(е)Лит”

Post Views: 173 Со настанот на 6 август, Здружениeто за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига”, го започнува одбележувањето на петгодишнината од своето електронско списание „(е)Лит”.Со своите соработници и пријатели, оваа среда во 20:00 часот, во Музејско-културниот центар „Лапидариум”, гостите ќе имаат можност да ги чујат Миодраг Богиќ на виолина и Искра Атанасова Митуш на пијано. Дел од своето книжевно творештво ќе читаат: Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Пандева, Ана Илијоска Богиќ, Долорес Атанасова-Лори,...

Продолжи со читање

Недела на млади 2025: Пет дена полни со креативност, инспирација и младинска енергија во Охрид

Post Views: 178 Од 11ти до 15ти август, во организација на Младински Центар Охрид, ќе се одржи третото издание на „Недела на млади” – мултидисциплинарна програма наменета за млади, млади уметници и креативци, по повод Меѓународниот ден на младите – 12ти август.Програмата опфаќа уметнички и музички работилници, филмски проекции, мастеркласови, јога, изложби, музички настапи и предавања, а активностите се распоредени низ пет дена со утрински, дневни и вечерни содржини.Програмата започнува во понеделник (11ти август) со летна ликовна...

Продолжи со читање

Сончево време со умерена облачност

Post Views: 152 Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе се искачи до 30. степени. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.– Од денеска ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија

Продолжи со читање

За една година угостителските услуги поскапеле за 5%

Post Views: 188 Цените на угостителските услуги во јули се зголемени за 5% во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.Гледано по групи, цените во угостителството во однос на јуни се зголемени за 0,4 проценти кај храната, 1,6 проценти кај алкохолните пијалоци, 0,9 проценти кај безалкохолните пијалоци и за 0,2 проценти кај ноќевањата. Од Државниот завод за статистика информираа дека цените на угостителските услуги во јули 2025 година се зголемени за 0.5 % во однос на претходниот месец јуни. Во периодот јануари – јули во...

Продолжи со читање