Автор: инфодеск
Post Views: 37 Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец Охрид освои шест пехари и 30 медали на таеквондо ИТФ турнирот „Корча Опен 2022“ во Албанија.На турнирот учествуваа над 150 натпреварувачи од 11 клубови од кои 3 клубови од Македонија.„ХВА РАНГ ИТФ“ под водство на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 17 натпреварувачи кои учествуваа во 2 дисциплински форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.На овој натпревар нашите натпреварувачи после Европското првенство каде направија историски успех освојувајќи 3 сребрни медали, историскиот...
Индекс на отвореност на општините
Post Views: 41 Здружението за истражувања и анализи (ЗМАИ) денеска ќе го презентира Индексот за отворност на општините за 2021 година, како и споредбата со резултатите од минатата година.Како што информираат од ЗМАИ во текот на изминатите месеци девет независни истражувачи ги анализираа општините во државава во однос на тоа колку се транспарентни и отчетни во буџетирањето и буџетските процеси, колкава е вклученоста на граѓаните и дали се обезбедува правичност во буџетирањето.Резултатите потоа биле пратени до општините кои обезбедиле соодветни коментари и дополнувања, по...
Разбиена мрежа на трговија со жени
Post Views: 46 Две жени жртви на трафикинг се ослободени, а девет лица се уапсени во операцијата на грчката полиција, во соработка со службеници од Генералниот секретаријат на Интерпол и полицајци од одделот за борба против трговија со луѓе на молдавската полиција, спроведена во неколку бордели во центарот на Атина, во која беше разбиена мрежа на трговија со жени од странство со цел нивна економска и сексуална експлоатација, јави дописничката на МИА од Атина.Како што соопштија од грчката полиција, мрежата ги принудувала жените на проституција во борделите во нивна...
Дефинирање приоритети пред објавување Јавен повик за граѓански организации
Post Views: 39 Во просториите на Општина Охрид се одржа јавна дебата чија тема беше дефинирање на приоритетите пред објавување на јавен повик за граѓанските организации. На дебатата учество зедоа претставници на 12 организации.Како предлог приоритети беа издвоени „Младински активизам и пратиципација“, „Родова еднаквост, економска и социјална инклузија“ и „Туризам, заштита на животната средина и култура“.Овој, нов пристап на Локалната самоуправа, подразбира објавување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои ќе треба да изготват предлог проекти...
Пријавување за детското драмско студио
Post Views: 47 Од ноември 2022год. ќе започне со работа детското драмско студио при НУЦК „Григор Прличев” Охрид.Ги покануваме сите деца со интерес за театарска уметност, а особено глума, на возраст од 9-14 години, да се пријават за аудиција, која ќе се одржи на 1-ви ноември, 2022 во 19 часот во просториите на установата. За аудицијата, треба да подготвите двеминутна сценска изведба (мал рецитал, монолог, песничка, одломка, перформанс…), со која ќе се претставите пред вашите идни ментори. Со детското драмско студио ќе работат професионални режисери и драматурзи...
Црвен Крст добитник на највисокото признание
Post Views: 36 Денес во големата сала на Општина Охрид, се одржа свеченост, на која Општинската организација на Црвен Крст Охрид, го доби признанието за најуспешна во годинешната програма “Црвен Крст во акција – промоција на хумани вредности“ ( ЦКА-ПХВ).Пред присутните граѓани и гости, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.Денешната свеченост е убав повод уште еднаш да се потсетиме на највредното што го поседуваме – хуманоста, човекољубието, солидарноста, како највредни карактеристики што треба и мора да ги имаме и да ги споделуваме за добробит на целата...
Станица за мерење на квалитетот на воздухот
Post Views: 45 Денеска започна поставувањето на новата автоматска мониторинг станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух. Станицата е поставена на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“.Мониторинг станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентен воздух и ќе биде управувана од Министерството за животна средина и просторно планирање.Со овој уред ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и изворите на загадување, што е од особено значење за...
Превентивна кампања во ОУ Братство Единство
Post Views: 61 Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со РСБСП, во Основното училиште „Братство Единство” во охридската населба „Лескајца”, ја реализираа превентивната кампања ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.Притоа, полициските службеници низ интерактивен пристап остварија контакт и разговори со учениците од прво одделение во училиштето, им ги пренесуваа најважните информации корисни за сообраќајната безбедност, ги запознаваа со основните сообраќајни правила што треба да ги знаат, а кои значат нивно безбедно учество како пешаци во...







