Автор: инфодеск
Post Views: 48 Едно лице загина, а 17 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера кај браната Ровни, кога минибус падна од карпа кај Ваљево.Како што дознава Курир.рс, до несреќата дошло кога возачот на минибусот излегол од возилото за да го праша обезбедувањето на браната за преминување на браната Стубо – Ровни.Најверојатно, возачот не ја повлекол рачната сопирачка, па минибусот по стрмна карпа се придвижил и се превртел.Според сознанијата и последните информации, повредени се дури 17 патници. На извлекување на повредените работеле 6...
Реализиран проектот Чисто езеро светла иднина
Post Views: 56 Во рамките на проектот „Чисто езеро-светла иднина“ кој има за цел подигнување на еколошката свест изработен е видео спот преку кој младите испратија силни и јасни пораки за здрава и чиста животна средина.Изминатите пет месеци во рамките на проектот поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање се одржаа низа активности, еко-акции за чистење на крајбрежјето на Охридското езеро, мапирање на еколошки чисти плажи, подводно чистење како и панел дискусија на која беше потенцирана важноста за здрава и чиста животна средина.На повеќе плажи...
Ден на борба против гладта
Post Views: 55 Во животот, на луѓето им се случуваат немили настани како губење работа, болест во семејството, губење на близок член, природни катастрофи како поплава, пожар… и сл. и истото повлекува финансиски проблеми кои го нарушуваат секојдневното живеење и тогаш приоритетите се менуваат.Тогаш храната е најголем приоритет кој треба да се обезбеди, а потоа да се соберат сили и да се надминат и другите потешкотии. Дополнителна закана за најранливите лица и семејства е енергетската криза со што се продлабочи несигурноста во обезбедување и подготовка на храна....
Денеска езерско дерби Охрид-Караорман
Post Views: 55 Денеска со почеток во 14 часот на градскиот стадион „Билјанини извори“ ќе се одигра долгоочекуваното градски дерби помеѓу екипите на ГФК Охрид Лихнидос и ФК Караорман.Натпреварот е во рамки на 8-то коло од Втората македонска фудбалска лига.Двете навивачки групи се подготвени и мобилизирини за следење на одличен фудбалски натпревар.А кој ќе биде крајниот резултат на натпреварот Охрид-Караорман, останува да видиме…
Амбасадори од Косово во Охрид и Струга
Post Views: 45 Информативно патување во Струга и Охрид на петнаесетина амбасадори од Косово во реализација на амбасадорката Шпреса Јусуфи и Агенција за промоција и поддршка на туризмот.Гостите чиј домаќин беше директорот на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски се запознаа со убавините на двата туристички центри.Тие ги посетија главните културно-историски споменици, црквата Св. Богородица Перивлепта, музејот на икони, куќата на Робевци, се запознаа со изработката на охридските бисери, а имаа и презентација на производството на хартија. Туристичката дипломатија многу...
Петнаесет години без Тоше Проески
Post Views: 58 Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред 15 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981. и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997. година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на...
Промовирана книгата Идентитетот е приказна
Post Views: 51 Просторот околу „Клупата на Горан Стефановски” во Дебар Маало беше претесен за да ги собере сите присутни на промоцијата на книгата „Идентитетот е приказна” од Иван Антоновски, објавена по повод 70 години од раѓањето на големиот драмски автор и есеист. Универзитетски професори, писатели, актери, режисери, продуценти, ликовни уметници, бизнисмени, политичари, новинари и активисти на граѓанскиот сектор, но најважно – бројни почитувачи на делото на Стефановски дојдоа да го поздрават објавувањето на книгата на Антоновски, кој е прва во која детално се...
Маж загина во силно невреме на Крит
Post Views: 42 Едно лице загина, предизвикана е голема материјална штета, а според локалните медиуми постојат информации за исчезнати, во невремето што го зафати приморското место и туристичка дестинација Агиа Пелагиа во близина на градот Ираклио во северниот дел на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.Според противпожарната служба на Грција безживотното тело на мажот било пронајдено во автомобил кој од поплавата бил повлечен во морето, а спасена била една жена.Ираклио Никос Сиригонакис за грчката новинска агенција АНА-МПА рекол дека загинатиот го пронашле нуркачи и...







