Автор: инфодеск
Post Views: 149 Во рамки на програмата на Вевчанско Лето 2025, на 4 август во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“, беше прикажана премиерата на документарниот филм посветен на Споменикот на природа Вевчански Извори – „Хармонија помеѓу човекот и природата“. Овој филм на инспиративен начин ја раскажува длабоката поврзаност меѓу вевчанската заедница и природата, преку лични сведоштва, научни согледувања и живописни кадри од заштитеното подрачје.Општина Вевчани изразува голема благодарност за вложениот труд и искрена посветеност на сите инволвирани, а додели плакета за...
Од 16 до 30 август ќе се одржи третото издание на Ohrid Water Festival
Post Views: 223 Под покровителство на Општина Охрид од 16 до 30 август градов ќе биде домаќин на Ohrid Water Festival, што годинава се одржува по трет пат. Станува збор за случување кое ги спојува водените спортови, убавата музика и гастрономска понуда од ова поднебје .Фестивалот започнува на 16-ти август на пладне со Ревијалниот ватреполо турнир што ќе се одржи пред хотел Александрија, а попладнето на Старото пристаниште ќе се одржи Red Вull Педалинка. Наредниот ден на базенот „Атина Бојаџи“ ќе биде пливачкиот митинг. Од 18-ти до 21-ви август на плажата К’ј...
Одземени пет возила во Струга поради преголема бучава
Post Views: 327 Денеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај.-Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегле на местото и затекнале повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои наводно изведувале изложба. Лицата не постапиле по наредбите на полициските...
Објавен огласот за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи
Post Views: 215 Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година.Огласот е објавен согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавена со „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 154/25, со која Министерството обезбеди вкупно 42.3 милиони денари финансиска поддршка.Право на поддршка имаат домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна...
На шанк во Градиште послужувале алкохол на малолетници
Post Views: 162 На 03.08.2025 во 16:30 часот, при извршени контроли на плажите во авто кампот „Градиште”, полициски службеници од СВР Охрид, на шанк од еден угостителски објект затекнале вработени лица во објектот како послужуваат малолетни лица со алкохол.-По налог на јавен обвинител, преземени се соодветни мерки за документирање на настанот, по што против правниот субјект и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид
Греди од кои стрчат шајки еден месец блокираат тротоар на ул „Момчило Јорданоски„
Post Views: 834 Еден месец окупиран тротоар со растоварени греди од кои стрчат шајки и претставуваат препрека и опасност за минувачите, реагираат во Рубриката Ти Си Твојот Град жители кои гравитираат на ул „Момчило Јорданоски“ .– Не знам каде да се обратам затоа ви пишувам на Ти Си Твојот Град. На улица МомчилоЈорданоски, до црквичето, на тротоарот, некој си оставил стари штици откако си ја растурил плевната во село Рамне. Веќе месец дена стојат на тротоарот. На нив има шајки од 10 см. Стар човек да се сопне ќе се закачи на шајките. Не дај боже, тука во близина играат...
„Охридско лето“ денеска го прославува 65-тиот роденден
Post Views: 165 Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која ќе настапи со пијано придружба на Анархит Тер-Татшатјан, вечерва ќе биде одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“. Пригодната концертна програма ќе се одвива во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот, таму каде штои започна целата приказна наречена „Охридско лето“.Македонската сопранистка Ана Дурловски студиите ги завршува на ФМУ – Скопје, а на оперската сцена дебитира како Лучија од Ламермур во истоимената опера на Доницети...
МВР се приклучува во европската акција на мерење на брзината на движење на возилата
Post Views: 213 Министерството за внатрешни работи на Македонија како земја членка на РОАДПОЛ, од 04 до 10 август се приклучува во европската акција на мерење на брзината на движење на возилата која ќе се реализира низ цела Европа.Акциски контроли ќе се спроведуваат на територијата на цела држава со цел да се откријат возачи кои го управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.-Министерството за внатрешни работи продолжува интензивно со сообраќајните контроли. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во...
ОЈО Струга поведе истрага против две лица осомничени за убиство во обид и насилство
Post Views: 298 Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга поведе истрага против две лица осомничени за убиство во обид, насилство и за помагање при извршување на обидот за убиство. Според информациите од Обвинителството, првоосомничениот се товари за обид за убиство и за насилство, додека второосомничениот е обвинет дека му помогнал во извршувањето на делото.Oд ОЈО Струга наведуваат дека поради претходно нарушени меѓусебни односи, првоосомничениот се обидел да лиши од живот едно лице. Второосомничениот, управувајќи со БМВ Х6, намерно го попречил патот на автомобил марка...
Харитина Сакова од Охрид најдобар дипломец на Машински сега е постдипломец на вселенско инженерство во Милано
Post Views: 330 Харитина Сакова од Охрид, која беше примена на летна пракса во Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН) во Швајцарија, учествуваше во конструкцијата на првиот македонски болид на меѓународен натпревар во Хрватска, соработуваше со Техничкиот факултет во Брно, Чешка, дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во рекордно време со просек 10. Таа беше прогласена за најдобар дипломец на Факултетот за академската 2023/2024 година од страна на УКИМ.Вели дека високиот успех го постигна со континуирано...
Крводарителска акција „Плаошник 2025“
Post Views: 175 Tрадиционалната крводарителска акција, којашто во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид, на 8 август (петок), во периодот од 19 до 24 часот и на 9 август (сабота), во периодот од 9 до 13 часот.– Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост...
Бојан Велевски и Марјан Георгиевски со заедничко стендап шоу на Антички театар: „Ова не е нормално“
Post Views: 305 На Антички театар во Охрид, во понеделник, на 4-ти август 2025 година, од 21:00 часот, комичарите Бојан Велевски и Марјан Георгиевски ќе се одржaт заедничко стендап шоу „Ова не е нормално“.– Тие ќе ги отворат сите теми кои секојдневно нè тераат да се запрашаме: Добро бе, дали некаде вака се живее? Ќе го кажат сето она што сите го мислат, но ретко кој го кажува гласно и ќе ви покажат зошто навистина ова не е нормално, велат организаторите.Најавуваат квалитетна продукција со осветлување, режија, сценографија и целосно нов материјал, специјално подготвен...