Skip to main content

Автор: инфодеск

Солун Измир

Солун и Измир се поврзуваат со бродска линија

Post Views: 35 Грчкиот град Солун и турскиот град Измир од денеска ќе се поврзат со бродска линија, преку траектот „Smyrna di Levante“, со кој управува приватната компанија „Levante Ferries“, јави дописничката на МИА од Атина.Траектот ќе сообраќа три пати неделно од Солун, во понеделник, среда и петок, а од Измир ќе поаѓа во вторник, четврток и недела, додека пак патувањето ќе трае 14 часа. Тракетот „Smyrna di Levante“, со должина од 158 метри е со капацитет да прими 948 патници, 1.000 камиони и 300 автомобили, а за патниците располага со различни типови на кабини, како и...

Продолжи со читање

Дејан Војвода

Нова водоводна линија на ул. Дејан Војвода

Post Views: 35 Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид започнаа со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „Дејан Војвода“.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 56 м – информираат од ЈП „Водовод“.Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Одбележување 11 октомври

Започнува одбележувањето на 11 октомври

Post Views: 43 Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј 11 октомври и со огномет, вечер Прилеп го почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81 годишната од почетокот на антифашистичката борба во 1941.Традиционалниот импровизиран напад вечер од 19:45 часот на некогашниот Участак, денес Меморијален музеј „11 октомври“ е потсетување на виорните настани пред 81 година кога со нападот на тогашниот Участак на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во Втората светска војна. На...

Продолжи со читање

Полиција

Тепачка пред угостителски објект на Железничка

Post Views: 33 На 09.10.2022 година 04:25 часот, пред угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(18) од Струга и В.М.(19) од Охрид.Притоа се вклучиле и неколку други лица кои го нападнале В.М. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Неработен ден

11 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ

Post Views: 30 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2022 година (вторник), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.

Продолжи со читање

Поплави Венецуела

15 загинати во поплавите во Венецуела

Post Views: 38 Венецуелските власти доцна синоќа соопштија дека 15 лица загинале по силниот дожд што во последните недели падна во земјата.Според претходниот биланс од 1 октомври, пријавени се 13 загинати, додека три лица се водат како исчезнати.Невремето предизвика поплави на околу 50 километри од Каракас, соопштија локалните власти, додавајќи дека спасувачката операција се уште е во тек и дека во некои делови од земјата нема струја.Во Венецуела од почетокот на годината има натпросечни врнежи, што се смета дека е поради временскиот феномен Ла Ниња, кој предизвикува...

Продолжи со читање

Земјотрес

Силен земјотрес ја погоди Грција

Post Views: 36 Силен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа е регистриран во Грција.Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 26 километри од градот Амфисас, главниот град на префектурата Фокис во Грција.Сè уште нема инфомации за евентуални повредени лица или направена материјална штета.

Продолжи со читање

Граничен премин

Нема задржувања на граничните премини

Post Views: 39 Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот.Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово –...

Продолжи со читање