Автор: инфодеск
Post Views: 35 Книгата „Стихописани слики“ од Митко Ц. Колјушевски беше промовирана во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид. Авторот, како што посочи на промоцијата, рецезентот и промотор Мирко Томоски, во 45 творби соживувајќи со своето најсвето, остава трајни вредности за едно време, одамнешно, минато, или сепак денешно.Овие 45 творби, преку мноштвото директни насочувања, создаваат поетско дело како суверен сведок за идентитетот, традицијата, културата и уметноста, сите собрани во љубовта и тоа не само во еден културен контекст како нашиот, туку и како светско колективно...
Се урна станбена зграда во Турција
Post Views: 40 Станбена зграда во Турција се урна по експлозија предизвикана од истекување гас, јавија турските медиуми.„Си-ен-ен Турк“ објави дека експлозијата се случила во провинцијата Јозгат, во централниот дел на Турција.Екипите на итната помош успеале да извлечат четири лица под урнатините.Засега нема информации за потенцијални жртви, ниту за причината за истекувањето на гасот, пренесуваат турските медиуми.
Левица на протест против отворањето на бугарскиот клуб
Post Views: 49 „Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза“, стои во соопштението на Левица Охрид.Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата. На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11 и...
Детски хор Бамбино започна со првите проби
Post Views: 75 Бамбино, прв професионален детски хор во Охрид, официјално ги започна своите проби во просториите на комплексот Касарна хаб. Како пандан на хорот за возрасни, Охрид доби градски хор составен од деца кои поседуваат талент за пеење, а се на возраст од 6-14 години.Дечињата на првата проба дојдоа со мала резерва, што е разбирливо, но таа помина подобро од очекуваното, вели Снежана Караџовска- Попова.„Започнавме со масажа на вратот истегнување на телото, сето тоа им беше чудно, бидејќи тоа се прави обично на часовите по физичко, но тоа е многу важно за опуштање...
Газпром повторно ѝ испорачува гас на Италија
Post Views: 54 Рускиот Газпром денеска соопшти дека ги обновува испораките на гас преку Австрија, главно во Италија, откако постигнал договор за регулаторни измени со Австрија.Австрискиот оператор кажа дека е спремен да го потврди транспортот преку ЛЛЦ Газпром експорт, што ќе овозможи рускиот гас повторно да тече преку Австрија – наведува руската компанија.Австриската влада соопшти дека Газпром сè уште не ги потпишал потребните договори.Рускиот гас сочинува околу 10 отсто од италијанскиот увоз, што е значително помалку од претходните 40 отсто, а зголемен е...
Ногачески со честитка за Денот на учителите
Post Views: 56 Денешниот ден, 5-ти ктомври, е прогласен за Светски ден на учителите.Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност, не само кон младата личност, туку и кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација.Учителите се водечка светлина за учениците. Тие им го покажуваат правилниот пат и им помагаат на учениците да откријат повеќе за себе.Честитка по повод Светскиот ден на учителите упати градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески....
Исплата на права од социјална и детска заштита
Post Views: 39 Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2022 година.Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 октомври 2022 година – информира Министерството.За да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат...
Вежбовна активност за боево гаѓање
Post Views: 43 Утре (06.10.2022 година), со почеток од 09 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето „Бејбунар” ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање.Оваа активност, се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на...







