Автор: инфодеск
Post Views: 33 Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против екс-генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службената положба и овластувањето, односно дека во повеќе наврати, без јавна набавка, избрал фирми на кои им исплаќал владини пари. Обвинителството тврди дека Зеќири го оштетил буџетот за речиси 1,5 милион евра, кои завршиле во приватни фирми.Обвинетиот како службено лице – генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејства што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој...
Во петок ќе се одржат две седници на Советот
Post Views: 30 Седумнаесетта и осумнаесетта седница на Советот на Општина Охрид, во петок на 7-ми октомври Седниците ќе се одржат во големата сала на Општината.Седумнаесеттата седница е закажана со почеток во 9 часот, а на дневен ред се 27 точки.Предлог-заклучок за усвојување на Информацијата за материјалното и финансиското работење на ЈП„Водовод“ Охрид со осврт на трошоците за електрична енергија за период 2020 – 2022 година.Иницијатива за изработка на физибилити студија за производство и продажба на електрична енергија.Предлог-програма за измени и дополнувања на...
Охриѓанец физички ја нападнал сопругата
Post Views: 29 На 03.10.2022 година во СВР Охрид, лишен од слобода е М.Ш.(46) од Охрид кој во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Труење со отровни печурки во Србија
Post Views: 58 Во Националниот центар за контрола на отрови (ВМА) на Србија деновиве се примени десет пациенти со труење со отровни печурки, пренесуваат српските медиуми. Од пациентите, осум се во тешка состојба.Како што соопштија од ВМА, пациентите печурките ги набавиле од неовластен продавач и ги консумирале мислејќи дека се обични. Но, тие потоа забележале дека печурките биле разновидни, со што им било потешко да ги препознаат.Полицијата во Шабац ја уапсила М.Г.(72) поради сомнение дека претходните денови на пазарот во Шабац продавала печурки од кои неколку лица се...
Експлозија во фабрика во Бугарија
Post Views: 41 Силен татнеж и чад над фабриката на Арсенал кај Казанлак ги крена на нозе полицијата, противпожарната бригада и брзата помош, јавува дописникот на МИА од Софија.Едно лице загина, две се исчезнати и се трага по нив, тројца се повредени и се пренесени во Итната помош во Казанлак по експлозијата во фабриката на Арсенал.Локалните медиуми јавија дека на местото на несреќата се неколку противпожарни екипи и возила на брза помош. Се соопштува дека се слушнале две експлозии.
Идентитетот е приказна од Иван Антоновски
Post Views: 64 По повод 70 години од раѓањето на големиот Горан Стефановски, издавачката куќа „Полица” ја објави книгата „Идентитетот е приказна” од Иван Антоновски. Ова е прва книга во која детално се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски и во македонската книжевна наука надоместува прочит и вреднување на исклучително важен дел од опусот на еден од најзначајните македонски автори.Покрај научната студија на Антоновски, во книгата, која е издадена во соработка со Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан...
Утре промоција на книгата од Митко Колјушевски
Post Views: 34 Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид утре во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Стихописани слики“ од роднокрајниот автор Митко Ц. Колјушевски.Митко Ц. Колјушевски е роден 1949 год. во Охрид. По професија – Водител на процеси во М.М. Насока (во пензија). По вокација музичар (пеење, гитара, тапани и др. Ударни инструменти). Автор е на песните ,,Стариот Фенер”, ,,Охридски стари трубадури”, ,,Месецот ти плете коприна“…Се потпишува на аранжманот на повеќе македонски народни песни. Колјушевски е еден од основоположниците и долгогодишен...
Поскапуваат горивата
Post Views: 23 Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, дизелот поскапува за 1,5, а екстра лесното масло за домаќинство за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 92,5, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 89,5 денари за литар.Со...







