Автор: инфодеск
Post Views: 42 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во акцијата која што беше реализирана викендов, од кабаст отпад ги исчисти улиците „Асном“, „Галичица“, „Јане Сандански“, бул. „Туристичка“, „Ариф Мустафа“, „Железничка“, „Кленоец“, „Цар Самоил“, „Кочо Рацин“, „Коста Абраш“ и населба Даљан.
Црна Гора има најевтини горива во регионот
Post Views: 42 Според објавата на црногорската Влада, горивата во земјата се со најниски цени во регионот.На својот инстаграм-профил Владата во Подгорица објавува дека литар бензин “Супер 95” во земјата чини 1,26 евра, 1,35 евра во Словенија, 1,37 евра во Северна Македонија, 1,39 евра во Хрватска, 1,46 евра во Босна и Херцеговина, 1,48 евра во Србија, 1,69 евра во Албанија.Цената на еден литар бензин “Супер 98” во Црна Гора е 1,30 евра, во Северна Македонија – 1,40 евра, во Хрватска – 1,46 евра, во Србија – 1,65 евра, во Босна и Херцеговина – 1,67 евра и во Словенија –...
Центар за дигитализација во Државниот архив
Post Views: 32 Во Државниот архив во Скопје денеска свечено ќе биде отворен Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал – османлиски период, чие опремување е донација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).На свеченоста по повод донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мемет Секизќок, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик и програмскиот директор на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, кои ќе одржат и работна средба со директорот на Државниот архив, Емил Крстески.
ГЕРБ со најголем број гласови во Македонија
Post Views: 42 Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД) на Красимир Каракачанов добија најголем број гласови од бугарските граѓани кои вчера гласаа во земјава на предвремените парламентарни избори во Бугарија.На седумте отворени избирачки места во земјава гласале вкупно 461 лице, а најголем број или 172 своето избирачко право го искористиле во Амбасадата на Бугарија во Скопје.За ГЕРБ гласале 127 бугарски избирачи, за ВМРО-БНД 91, Продолжуваме со промените на...
Вандализмот наша секојдневна реалност
Post Views: 31 Синоќа, на Кеј Македонија беше забележан уште еден случај на вандализам, каде беше вандализирана една од типизираните куќарки, сопственост на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.ЈП „Градски Пазар“ ги набави типизираните куќарки со цел да се обезбедат посовремени услови за улична продажба на јавни локации во центарот на градот, како и да се подобри урбаната слика на градот, но, жално е што ваквите вандалски појави се повеќе зачестуваат.Апелираме на разум и негување на урбаната опрема,со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање на слика за нас како...
Запленети над 90 килограми охридска пастрмка
Post Views: 50 На 01.10.2022 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово, на магистралниот пат Ќафасан-Струга, кај место викано Шумска колиба, приведен е E.С (27) од Р.Албанија.При извршена контрола во патничко возило „фолксваген пасат“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 91,333 килограми риба, поточно 119 парчиња охридска пастрмка, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон Р.Северна Македонија – информираат од МВР.Е.С. е приведен во Полициската станица за граничен...
Охрид домаќин на фудбалски младински турнир
Post Views: 36 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков имаше поздравно обраќање на фудбалскиот младински турнир „Охридски фудбалски надежи“ кој што се одржува на големиот фудбалски терен при СРЦ „Билјанини извори“.Настанот се одржува прв пат во организација на Општина Охрид и Сојузот на училишни спортови, а под покровителство на градоначалникот Пецаков кој пред присутните рече:Почитувани присутни огромно е задоволството да се присуствува на отворањето на првото издание на фудбалскиот младински турнир „Охридски фудбалски надежи“ што го организира Општина Охрид, а на кој...
Национална кампања по прва помош
Post Views: 61 Под мотото „Првата помош спасува живот“, Црвениот крст на РСМ ја спроведува Националната кампања по прва помош со која е предвидено до крајот на годината да се спроведат бесплатни обуки по прва помош за 25000 ученици од основни и средни училишта во целата земја.Во рамки на Националната кампања, Црвен крст Охрид започна со реализација на бесплатните обуки по прва помош кои се спроведуваат на територијата на Општинa Охрид и Дебрца и каде ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта во периодот од 20 септември до 20 ноември 2022 година.Обуките по...







