Skip to main content

Автор: инфодеск

Почина македонската пејачка легенда Владо Јаневски

Views: 257 Македонската музичка сцена вечерва изгуби едно од своите најголеми и најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина познатиот музичар и пејач Владо Јаневски.Јаневски беше еден од најпознатите македонски поп-изведувачи, со богата музичка кариера и шест студиски албуми зад себе. Зад себе остави голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје, објави 4news.mk...

Продолжи со читање

Во Охрид денес до 30°C, од викендов започнува период на екстремни горештини

Views: 228Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Минималните температури од 15, а максималните до 30 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се...

Продолжи со читање

Светиот пророк Елисеј

Views: 202 Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш го остави својот дом и тргна по Илија. А кога Господ го зеде Илија на огнени кочии, Елисеј остана и ја продолжи пророчката служба со поголема сила и од онаа на Илија. Според чистотата и ревноста им беше рамен на најголемите...

Продолжи со читање

Голем музичко-сценски спектакл за 35 години независност, над 120 македонски уметници на сцената

Views: 268 Владата најави дека над 120 македонски уметници ќе бидат дел од централниот проект за одбележување на 35 години независност на Македонија, кој, според портпаролката Марија Митева, претставува еден од најзначајните културни проекти во изминатите три и пол децении.Kако што е предидено, настаните треба да се одржат на отворено во 14-15 градови во Македонија, а низ уметничка перспектива ќе бидат прикажани сите моменти кои не направиле горди, среќни, кои не обединуваат или, како што велат организаторите, се она што било важно во изминатите 35 години од независноста.-Самиот...

Продолжи со читање

Николина Андова Шопова со збирката „Во куќата“ е добитник на „Браќа Миладиновци“ за 2026

Views: 216 Збирката „Во куќата“ на Николина Андова Шопова во издание на „Бегемот 2026“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија. Одлуката ја донесе комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 во состав: Наташа Аврамовска, претседател и членови Весна Ацевска, Весна Мојсова-Чепишевска, Владимир Илиевски и Виолета Танчева-Златева.„Станува збор за мала поетска книшка компонирана во два поетски циклуса и своевидна епилошка песна. Компонирана е...

Продолжи со читање

Забрана за движење во шума

Целосна забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август, казни до 2.000 евра за прекршителите

Views: 639 Од 1 јули до 31 август 2026 година ќе важи целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Мерката е донесена поради зголемената опасност од појава на шумски пожари и има превентивен карактер.Како што информира Министерството, забраната е воведена согласно насоките на Владата и барањата на корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја. Согласноста е издадена согласно член 57, став 3 од Законот за шумите.Во наведениот период, движењето...

Продолжи со читање

Богата забава, добро вино и стотици гости на првата вечер на Вино фест

Views: 221 Со богата музичка програма, дегустација на разни   врсти  вина и одлична атмосфера, синоќа во Охрид започна петтото издание на „Охрид Вино Фестивал”, кое и годинава привлече илјадници посетители – охриѓани, туристи од земјава и странство, како и љубители на виното и добрата забава.На десетината фестивалски штандови дваесеттина винарии   понудија  голем број видови вина од македонски винарии, а посетителите имаа можност да дегустираат различни вински сорти и да се запознаат со богатството на домашното...

Продолжи со читање

Полиција сирена

Пијан возач во Охрид оштетил шест паркирани автомобили и се обидел да избега

Views: 284 Полицијата приведе 79-годишен жител на охридското село Коњско, откако управувајќи автомобил под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани возила, а потоа го напуштил местото на настанот.Според информациите од СВР Охрид, настанот се случил на 25 јуни околу 12:20 часот. Возачот, управувајќи патнички автомобил „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки на булеварот „Туристичка“, удрил во шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да се движи.По преземени мерки, полициски службеници го пронашле на улицата...

Продолжи со читање