Skip to main content

Автор: инфодеск

Студенчишко блато

Усвоен предлог законот за Студенчишко блато

Post Views: 29 На 85-тата Седница, Владата на Република Северна Македонија го усвои Нацртот на Законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа, по што истиот ќе се достави до Собранието на понатамошно постапување.Донесувањето на овој Закон, освен што значи исполнување на препораката на УНЕСКО, ќе овозможи зачувување на природната состојба на локалитетот преку заштита на природните и други вредности, спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и...

Продолжи со читање

Полиција несреќа

Во сообраќајка повредена 19-годишна девојка

Post Views: 27 На 27.09.2022 во 21:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека околу 19 часот на кружната крстосница од улиците „15-ти корпус”, „7-ми ноември”, „Железничка” и „Ристо Чадо” во Охрид, патничко моторно возило „шкода октавија”, управувано од Љ.С.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.Џ.(19) од Охрид.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Џ. констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Крик за љубов

Бесплатна посета на претставата Крик за љубов

Post Views: 31 Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација. За таа цел оваа Установа со почетокот на новата театарска сезона 2022/23 година почна со континуирано прикажување на театарски претстави.За успешен почеток на школската година нудиме бесплатна посета на театарската претстава „Крик за љубов” за сите средношколци од прва година од градот Охрид....

Продолжи со читање

Читална библиотека

Промоција на стихозбирката Позајмениот куфер

Post Views: 28 Утре со почеток во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана стихозбирката „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески. Роднокраен автор и почесен член на охридската библиотека.За животот и творештвото на Трајчески ќе говори м-р Милчо Јованоски, директор на библиотеката. Пред присутните ќе биде прочитан и освртот на Билјана Петрова од Австралија. Наум Трајчески е роден во село Издеглавје, Охридско во 1952 година. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското Литературно Друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан Нов Јужен...

Продолжи со читање

Градска библиотека

Пет нови книги во Градската библиотека

Post Views: 28 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и оваа недела ви препорачува пет нови наслови кои од денеска можете да ги зајмите.„Големи лаги во мал град“ од Дијана Чејмберлен во издание на Култура.Чејмберлен, докажан раскажувач на неверојатни приказни, ги држи читателите во неизвесност со приказна што ги поврзува историјата и сегашноста со романса и мистерија.Северна Каролина 2018 година:Поради злосторството што не го сторила, животот на Морган Кристофер се менува целосно. Нејзиниот сон за уметничка кариера е ставен во мирување, додека еден мистериозен...

Продолжи со читање

Охридска липа

Охридската липа со моќни биолошки вредности

Post Views: 50 Исклучителни резултати прикажуваат лабораториските истражувањата на Охридската самоникна липа.Mеѓународeн истражувачки тим составен од повеќе професори од универзитети од Македонија, Србија и Турција вршеле анализи и истражување и на липите од Охридски, Скопски и Струмички регион. Климатски услови, надморската висина, чист воздух езерската клима се условите на Охридскиот регион кои ја зголемуваат биолошката вредност на липата, вели Д-р Моника Стојанова дел од истражувачкиот тим.„ И навистина повторно истите резултати ги добивме каде Скопските и...

Продолжи со читање

Марихуана

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Post Views: 27 Денеска, 27.09.2022 во СВР Охрид приведен е Г.В.(36) од Охрид.При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кеса марихуана и саксија со засадени растенија канабис сатива. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Полициско возило

Кривична за жител на Белчишта поради измама

Post Views: 47 СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(42) од селото Белчишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.Тој, на повозрасна жителка на Охрид, доведувајќи ја во заблуда и ветил дека ќе и овозможи престанок на должнички однос во една финансиска институција, која претходно и одобрила кредит. Притоа, од оштетената побарал и добил 24000 денари – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање