Автор: инфодеск
Post Views: 69 По две и пол годишна пауза, повторно се активира механизацијата на каменоломите во струшко Лабуништа. И покрај одземените концесии, се врши минирање, ископување и експлоатација.Со години еколозите бараат затворање на каменоломите, кои поради ископување предизвикуваат големи количини прав, кој го труе населението.Мештаните, бараат итно да прекинат со работа, во спротивно најавуваат масовни протести, бојкот на настава и блокади на патиштата.Ќе мораме да примениме радикални мерки со блокирање на патишта и уште полошо, населението бара бојкот на...
Тепачка во спортска обложувалница
Post Views: 29 На 26.09.2022 година во 20:55 часот, во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавен ред и мир во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Кленоец” во Охрид.Извршен е физички напад од Г.М.(47) врз Т.Б.(33), двајцата од Охрид. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
МНР ги осуди, а ФФМ ги пофали навивачите
Post Views: 37 Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите кои присуствуваа на трибините на натпреварот Македонија-Бугарија.Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија. Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија. Од првата до последната минута – велат од ФФМ.Истакнуваат...
Охридски конгрес на правото 2022
Post Views: 43 На тема „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“ од 13-16 октомври за прв пат ќе се одржи Охридски конгрес на правото 2022, во организација на студентите од Правен факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.Оваа година за прв пат се одржува конгрес од ваков карактер, а на истиот ќе присуствуваат околу 150 учесници од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.Организаторите, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со висококвалитетни говорници, универзитетски професори, јавни обвинители, судии,...
Се отстрануваат дефекти на две раскрсници
Post Views: 47 Екипи на ЈП „Нискоградба“ Охрид работат на отстранување на дефекти на раскрсницата на ул. „Галичица“ со ул. „Никола Карев“ и раскрсницата на ул. „Никола Карев“ со ул. „Мирче Ацев“.Покрај постојаното санирање на проблемите, во тек е и постапка за трајно решавање на проблемите кои се јавуваат на овие места – информираат од ЈП „Нискоградба“.
Отворање на Планинската куќа во Брежани
Post Views: 106 Во петок на 30-ти септември свечено ќе биде отворена Планинската куќа во село Брежани, општина Дебрца.Реконструкцијата на старата училишна зграда во селото Брежани и нејзина адаптација во Планинска куќа е реализирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам”, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.Проектот е реализиран од страна на Црвен крст Охрид во партнерство со општините Дебрца од Република Македонија и Грамш од Република Албанија, како и Алпинистичкиот клуб...
Невремето Богдан доаѓа во западна Грција
Post Views: 67 Грција очекува денеска да пристигне невремето „Богдан“ од Италија, а до жителите е испратено предупредување да избегнуваат непотребни движења.Синоќа порака добија сите жители на островите во Јонско море, со исклучок на Закинтос, па така ќе мора да внимаваат во следните 24 часа.Денеска сите училишта на Крф ќе бидат превентивно затворени, откако вчера беше донесена таква одлука на состанокот.
Денес е Крстовден-Воздвишение на Чесниот крст
Post Views: 63 Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на...







