Автор: инфодеск
Post Views: 53 Во саботата во кафе и бар „Шила“ во Охрид бешe промовирана првата збирка раскази на Mарина Шикова Димовска „Приказни од кујната“, издание на ПНВ Публикации од Скопје.Книгата низ разговор со авторката ја претстави Јулијана Величковска.Куса исповед на проза, необични дневнички записи што следуваат еден по друг по сеќавање, не по хронологија. Небаре разгледувате албум со стари фотографии. Топли и мирисливи, но некогаш и прегорени и горчливи приказни од кујната на животот. Приказни за растењето и созревањето. Приказни што ја осветлуваат улицата на нашето...
Дарт успешно се судри со астероид
Post Views: 40 Вселенското летало Дарт што денеска го лансираше НАСА, директно се судри со астероид, со што успешно заврши мисијата за „спасување“ на Земјата.Необичниот настан се случил на околу 11 милиони километри од Земјата, на небесното тело познато како Диморфос, пренесува Би-би-си.Тоа е прв обид на човештвото да придвижи друго небесно тело, а целта е да се види дали голем астероид кој се движи кон Земјата може да се пренасочи.Live from @JHUAPL: Follow the real-time journey of the #DARTMission spacecraft towards its planned impact with a non-hazardous asteroid...
Нови цени на горивата
Post Views: 34 Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-95, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапуваат за денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1)Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,623 денари за килограм и ќе изнесува 49,768 денари.Со одлуката...
Нова фекална канализација на ул. Дејан Војвода
Post Views: 42 Се поставува нова фекална канализација на улица „Дејан Војвода“ во Охрид.Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба” реализираат активности за изведба на нова фекална канализација на дел од улица „Дејан Војвода”. Со овој зафат се заменува старата и дотраена и се поставува нова. Вредноста на проектот изнесува 700 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Иницијатива за побезбедени училишта
Post Views: 52 Во просториите на Општина Охрид денес се одржа средба на која присуствуваа градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, службите на Локалната самоуправа, директорите на општинските училишта и претставници на СВР Охрид.Целта на средбата е подигнување на нивото на безбедност во кругот на училиштата и превенирање на девијатни појави помеѓу учениците.Во таа насока се разменуваа мислења за зголемување на патролите особено во вечерните часови кога во кругот на училиштата се собираат млади луѓе. Дополнително се разговараше и за организирање на едукативни...
Оштетен виртуелниот споменик на Прличев
Post Views: 31 На 25.09.2022 година во 23.35 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на виртуелниот споменик на Глигор Прличев поставен на улицата „Коста Абраш” кај малиот плоштад во Охрид.Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Саем на социјални претпријатија
Post Views: 31 Во Охрид се одржа Саем на социјални претпријатија, каде учество зедоа социјални претпријатија од југозападниот регион на Македонија.Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави советникот Перчо Божиновски, кој истакна дека социјалната економија е нов тренд во светската економија чиј фокус е насочен кон подобрување на егзитенцијалните услови на ранливите категории на граѓани.Самото работење на ваквите компании треба да послужи и како пример и да ги охрабри останатите економски чинители да се приклучат и да дадат свој придонес во овој процес. Секоја...
Млади лидери во посета на Општина Охрид
Post Views: 70 Учесниците на 13-тата Школа за млади лидери која е во организација на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денес беа во посета на Општина Охрид.Градоначалникот Кирил Пецаков, како домаќин ги пречека учесниците и ги запозна со начинот на фунционирање на Локалната самоуправа.Чувствувам посебно задоволство и чест што како градоначалник на Охрид, втора година по ред имам можност да се обратам пред учесниците на оваа школа и затоа сакам да упатам посебна благодарност до поранешниот претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге...







