Skip to main content

Автор: инфодеск

Утре без вода жителите на ул. Гоце Делчев

Post Views: 6 Поради санација на дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце  Делчев”, на ден 03.06.2022 година (петок) од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев”, (на потегот од улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи-Далјан).Вклучени се и сите споредни улици од улицата „Гоце Делчев”, во населбите: Кошишта, Воска и Далјан.

Продолжи со читање

Голем интерес за Цветни балкони-Цветен Охрид

Post Views: 10 Мештаните од селата Велгошти, Лескоец, Косел и Долно и Горно Лакочереј, каде се спроведува акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“, претпладнево покажаа голем интерес и дојдоа да подигнат жардиениери со саксиско цвеќе од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.Граѓаните при прием на цвеќето со себе треба да понесат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.Во рамките на акцијата ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе, а истата се реализира денес и во текот на...

Продолжи со читање

Се расчистува низ Охрид и околината

Post Views: 10 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности за одржување на јавната хигиена на високо ниво низ Охрид и околината.Се чисти, шпаклира и коси зеленило во стариот дел на градот до црквата Св. Јован Канео, како и самиот брег на езерото во тој дел. Акција има и во с. Трпејца за чистење и остранување на зелени површини. Се средува зелениот појас на ул. Петрино. Се коси трева и се уредува зелениот појас на повеќе локации во Охрид. На бул. „Македонски Просветители“ се посади и украси цел потег на средината на булеварот – информираат од Јавното...

Продолжи со читање

Летна ликовна школа за деца во Вевчани

Post Views: 5 Оваа година во рамките на програмата на Вевчанската ликовна колонија „Вевчански видувања” ќе се реализира летна ликовна школа за деца, којa што ќе им овозможи на младите слободно да ја изразат својата креативност и истовремено да ги развијат своите уметнички вештини.Со почеток на 27 јуни, понеделник, летната школа ќе ја води реномираниот уметник Лара Ташковска и ќе трае една недела, односно до 4 јули, во паркот на Ресторанот „Виа Игнација“ – Вевчани. Учеството ќе биде бесплатно, а организаторите ќе ги обезбедат сите потребни материјали и услови за...

Продолжи со читање

Времен режим на сообраќај на ул. Кеј Македонија

Post Views: 16 Општина Охрид ги известува граѓаните и сите останати учесници во сообраќајот дека од 02.06.2022 година, се забранува секаков вид на моторен сообраќај на улица „Кеј Македонија“ на потегот од пресек со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресек на улица „Кеј Македонија“ со улица „Ванчо Николески“.Погоре наведениот дел од улицата од 02.06. (четврток) 2022 година ќе се користи за движење на пешаци и велосипедисти.

Продолжи со читање

Охриѓанец физички ја нападнал својата сопруга

Post Views: 13 На 31.05.2022 година во 11:15 часот во СВР Охрид пријавено е дека на 28.05.2022 година околу 21 часот, И.М. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Недостасуваат сместувачки капацитети

Post Views: 11 Струга во сенка на Охрид. Градот на две води заостанува во туристичкиот развој. Една од причините е тоа што недостасуваат сместувачки капацитети. За разлика од охридското, на струшкото крајбрежје нема доволно луксузни хотели. Во градот има само неколку поголеми современи хотелски капацитети и мора да се размислува за инвестиции. Без инвестиции не може да се очекуваат поелитни гости.„Секогаш Струга ни каскала позади Охрид, тоа е поради тоа што има помали сместувачки капацитети. Да се вложува во дестинацијата, можеби има убави ресторани, но кога се во прашање...

Продолжи со читање

Зголемен број карциноми и мозочни удари

Post Views: 16 Зголемен број на мозочни удари во регионот кој го покрива Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“. Од Велешта, преку Вевчани до Лабуништа забeлежително е зголемување и на бројот на карциноми. Лекарите велат, засега нема студии дали има поврзаност на овие здравствени проблеми со корона вирусот.„Имаме зголемена инциденца на мозочни удари. Не можеме да донесеме заклучок, бидејќи уште немаме релевантни студии, барем јас немам такви информации. Последниве две години симптоматично е, дали короната беше причината, овде во мојот регион да има зголемен број и на...

Продолжи со читање