Автор: инфодеск
Post Views: 180 Во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 2. Август – Денот на Републиката, вчеравачер во Музејско-културниот центар „Лапидариум“, беше отворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“, приредена од Македонското грбословно друштво.На свеченото отворање на изложбата во името на Општина Охрид се обрати, Ана Крстеска, заменик градоначалник.–Чест ни е што Охрид како домаќин е дел од оваа поставка со своите главни симболи, изработени со професионална помош и стручна поддршка токму од Македонското грбословно друштво. Општина Охрид...
Утре ќе се одржи 46-то издание на малиот Илинденски пливачки маратон
Post Views: 364 Утре ќе се одржи 46-то издание на малиот Илинденски пливачки маратон во организација на П.К. “Охридски бранови 2008”-Oхрид .Како и секоја година патеката во должина од 2,5 км започнува од плажата Горица (Кај дивоно) до кејот на Охридското езеро (пред х.”Ривиера”). Првиот старт ќе започне во 10.00 часот, додека вториот старт ќе започне во 11.00 ч.Пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години.Патеката ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен...
Студенти биолози во истражувачка акција на Галичица
Post Views: 159 Истражувачкото друштво на студенти биолози по 31-ви пат ја организираше својата традиционална 15-дневна истражувачка акција, овојпат на планината Галичица.Галичица, планина сместена помеѓу двете најголеми езера во нашата држава – Охридското и Преспанското, и дом на истоимениот национален парк, изобилува со ретки и ендемични видови. Ова им овозможи на студентите незаборавна можност за теренска и истражувачка работа.Во текот на акцијата, фокусот беше насочен кон високопланинските пасишта и тундри на врвови како Магаро (2.255 м), Лако Сигној и...
Прекин на водоснабдувањето на неколку улици
Post Views: 165 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Христо Узунов, на улиците: „Богомилска“ , „Даме Груев“ „Ѓорче Петров“, дел од „7ми-Ноември“, дел од „Марко Нестороски“ и дел од Бул.„Туристичка“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
„Нурни во мене“- самостојна изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес
Post Views: 175 Самостојна изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ ќе биде поставена во Куќа на Робевци вечерва во 20 часот.После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а на 1-ви август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид. Изложбата го носи насловот „Нурни во мене’’, а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната Галерија од...
Вонредни инспекциски контроли на хотелите и станоиздавачите
Post Views: 209 Инспекторите по туризам вршат засилени вонредни инспекциски контроли на брегот на Охридското Езеро. Се чешлаат хотелите, станоиздавачите, вилите, камповите и туристичките водичи. Сите се должни да ги пријавуваат гостите и да плаќаат туристичка такса која изнесува 40 денари на ден по турист, но и данок на остварените приходи.Сопствениците на станови не смеат да сместуваат гости без да се регистрирани за таа дејност, а за изнајмениот стан на роднини и пријатели...
Горна Белица прераснува во туристичка дестинација
Post Views: 561 Горна Белица развива рурален туризам. Струшкото село издигнато високо на падините на Јабланица помеѓу боровата шума, денес нема постојани жители, тоа е современа викенд населба, со голем број апартмани, вили и планинарски дом. Со инвестиција од дијаспората комплетно е обновено поранешното одморалиште во сопственост на црквата, денес првиот хотел.Селото привлекува туристи со прекрасните видиковци кон Охридското Езеро, кои одземаат здив, мирот,...
Дамјан Пејчиновски ќе одржи концерт на „Охридско лето“
Post Views: 180 Во рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва концерт на познатиот македонски гитарист Дамјан Пејчиновски во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21:00 часот. Пејчиновски ќе настапи заедно со бендот Дејан Милосављевиќ – ударни инструменти, Зоран Јасгоридовски – перкусии, Горан Гешовски – бас-гитара и Гордан Спасовски – пијано.Дамјан Пејчиновски свири електрична и акустична гитара и специјализира повеќе музички стилови вклучувајќи џипси-џез, џез-фјужн, блуз, рок, кантри, традиционална македонска музика и др.Пејчиновски...
Николоски: Од ноември нови авиолинии од Скопје до Мадрид и Стокхолм, од декември и до Прага, Бари и Келн
Post Views: 235Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција најави пет нови директни авиолинии од Скопје. Според него, новите линии ќе донесат повеќе туристи, бизнис можности и поврзаност за македонските граѓани.–Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, од декември Келн – Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага –...
Хидробиолошки доби поддршка од МОН за проектот „Лимнолошки истражувања на Охридското Езеро“
Post Views: 177 Охридскиот Хидробиолошки завод е дел од осумте јавни научни установи кои две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари.Дел од одобрените проекти од страна на министерството се и „Етимолошкиот речник на македонскиот јазик“ на Институтот за македонски јазик, „Лексиконот на македонскиот фолклор“ на Институтот за фолклор, „Истражувањето на културното наследство на Албанците од Кумановскиот регион“ на Институтот за духовно и културно...
Започнуваат чествувањата по повод 2 август – Денот на Републиката со изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ во Лапидариумот
Post Views: 165 Денес започнуваат чествувањата на Општина Охрид која со свечена програма ќе го одбележи 2 август – Денот на Републиката. Настаните се и во чест на трите големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.Вечерва во 19:30 часот во Лапидариумот кај Спомен куќата на Робевциќе биде прикажана изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. Предвидени се обраќања на претставник од Општина Охрид, Иван Нацевски, потпретседател на Македонско грбословно друштво, академик Љупчо...
Светиот маченик Емилијан
Post Views: 288 Во времето на Јулијан Отстапник, во тракискиот град Доростол, живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум Римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но, не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши сите...