Автор: инфодеск
Post Views: 24 Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Во Охрид темературите ќе бидат во интервал од 1 до 10 степени Целзиусови.
Решение од Јавниот повик за проекти од јавен интерес од областа на здравствената и социјалната заштита
Post Views: 29 Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локалната самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид, согласно одредбите од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за вклопување на предог идеи од јавен интерес во областа на социјална заштита на општина Охрид за 2026 година, број 09 – 14858/1 од 04.11.2025 година донесен од страна на Градоначалникот на општина Охрид. Согласно правилникот и oбјавениот Јавен повик за финасирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјалната заштита на општина Охрид за 2026...
ЈП „Охридски Комуналец“ доби нови машини за чистење
Post Views: 25 Градоначалникот Кирил Пецаков, попладнево беше на увид на новата опрема за чистење што ја набави Општина Охрид и ја предаде на користење на ЈП „Охридски Комуналец“.Станува збор за електрична комунална машина – метачка со којашто ќе се чистат јавните површини во старото градско јадро и централното подрачје на Охрид и дизел машина – метачка за чистење на останатите делови од градов.
Николоски: Три милиони патници на скопскиот аеродром, за прв пат во историја на авиосообраќајот
Post Views: 33 Три милиони патници на скопскиот аеродром е нешто што прв пат се случува на историјата на Македонија. Скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион, имаме континуиран раст на патници, бројките во туризмот растат, на бизнисот му овозможуваме подобри комуникации и врски, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Меѓународниот Аеродром Скопје, каде симболично беше одбележн три милионитиот превезен патник.На семејство кое патуваше од Скопје за Бари како избран три милионитот патник, вицепремиерот Николоски и директорот...
Потпишана Охридската декларација „Одржливи културни модели за иднината“
Post Views: 28 На конференција на „Советот на министри за култура од Југоисточна Европа“, денес во Охрид усвоена Охридска декларација „Одржливи културни модели за иднината“. Целта е јакнење на културата во функција на одржливиот развој. Засилено се работи на зачувување на културното наследство и исполнување на препораките на УНЕСКО, вели министерот за култура. . До крајот на годинава предвидени се уште неколку состаноци и усвојување на одлуки, а до 1 февруари ќе биде презентиран Извештајот.–Верувајте, овој проблем не е од денес – се провлекува...
Повторно запленети нелегални рибарски мрежи со 214 парчиња Охридска Белвица
Post Views: 23Концесионерот на Охридското Езеро, Питон, информира дека повторно се пронајдени мрежи кои се најстрого забранети, поставени од рибокрадци во време на строга забрана во водите на Охридско Езеро и дека запленета е угината риба, и тоа дури 214 парчиња Охридска Белвица.-За успех во заштитата има само едно правило “НЕМА ЗАСТАНУВАЊЕ И ПАУЗА”, велат од концесионерското друштво „Питон“.Инаку, периодот на забрана за лов на охридска белвица и охридска пастрмка трае од 1 декември до 28 февруари.
МВР го одложи стартот на „Безбеден град“: Казни ќе се испраќаат електронски од февруари 2026
Post Views: 27 Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари идната година, потврди Министерството за внатрешни работи за „360 степени“. Тоа значи дека стартот на проектот ќе биде одложен за еден месец во однос на првичните најави дека ќе стартува од јануари. Можноста за одложување неодмна ја најави министерот Панче Тошковски, по стартот на тест периодот, кој укажа дека на повеќе функционалности ќе им треба унапредување.Како што е најавено, „Безбеден град“ во февруари ќе започне да работи во Скопје, Тетово...
Денес на сцената во Охрид Мол ќе биде изведена детската претстава „Пипи Долгиот Чорап“
Post Views: 38 Вечерва со почеток во 19:00 на сцената во Охрид Мол ќе биде изведена детската претстава „Пипи Долгиот Чорап“. Како што најавуваат организаторите ќе оживее магијата на детството, а најомилената хероина со црвени плетенки, ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП ќе ни покаже што значи храброст, другарство и бескрајна фантазија.-Дојдете со вашите најмили на претстава што инспирира, охрабрува и насмевнува!, порачуваат организаторите.