Автор: инфодеск
Post Views: 27 Општина Охрид активно се вклучи во одбележувањето на Европската недела на спортот. Фокусот е даден на обезбедување можности за сите да бидат активни преку спортско – рекреативни активности.Одбележувањето започна во ООУ „Св. Климент Охридски“ преку организирање на спортско –рекреативни активности.Во наредните денови вакви активности ќе се организираат и во другите училишта.
Историски знаменитости во Охридското езеро
Post Views: 57 Нуркачите од Нуркачкиот Центар „Амфора“ во соработка со Завод и Музеј Охрид успешно го реализираа проектот ,,Културно историски знаменитости во Охридското Езеро“.Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QRкод туристите ќе можат да го погледнат видеото и да се запознаат со подводното културно наследство во Охридското Езеро.На прикажаното видео можат да се погледнат подводниот археолошки локалитет „Плоча Миќов Град“, покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина поединечни наоди на цели и...
Фатен дрвокрадец во Охрид
Post Views: 27 На 20.09.2022 во 21:45 часот на ул. „Ристо Чадо“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид забележале патничко возило „митсубуши пајеро“ без регистарски ознаки како превезува огревно дрво.По преземени мерки, на имот на улицата, сопственост на Б.С.(48), било пронајдено возилото, огревно дрво од околу 1,5 кубни метри и моторна пила. Возилото, дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Охриѓанка физички нападната од својот сопруг
Post Views: 33 На 20.09.2022 во 13:15 часот во СВР Охрид, 44-годишна жена од Охрид пријавила дека на 15.09.2022 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.П.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.
Соработка меѓу Кардиолошки завод и УИНТ
Post Views: 32 Меморандум за соработка потпишаа Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” од Охрид.Со овој Меморандум го отвараме патот за идна соработка во повеќе сфери, која за своја крајна цел има подобрување на квалитетот на услугите кон заедницата, во служба на здравјето на граѓаните, а на Универзитетот во служба на образовната дејност. Се отвара можноста за воспоставување на едукативна и научна соработка како и соработка во користење на...
Конгрес на македонски еколози во Охрид
Post Views: 31 Од 15-ти до 18-ти октомври во Охрид ќе се одржи Шестиот конгрес на македонските еколози, со меѓународно учество. На конгресот ќе се одбележат 50 години активно дејствување на Македонското еколошко друштво.Одржувањето на овој конгрес е од големо значење за македонските еколози, со оглед на тоа што ова е единствен научен собир од ваков тип кај нас.На конгресот се очекува да учествуваат повеќе од 200 научни работници од земјава и од странство, со свои научни трудови од областа на екологијата и заштитата на животната средина.Работата на конгресот ќе се...
Слаб интерес за осигурување од елементарни непогоди
Post Views: 45 Во земјава слаб е интересот за осигурување од елементарни непогоди. Климатските промени, поплави, пожари, земјотреси и невремиња покажаа дека има потреба од ваков тип на осигурување.Иако земјава во последните неколку години беше погодена од невремиња, мал е растот на ваквите полиси. Тоа се должи на ниската свест и недоволната информираност на населението за условите во полисите.Осигурувањето обезбедува поголема сигурност и подобар квалитет на живот, велат експертите.Тоа осигурување за поплава за земјотрес, сега со климатските промени ни доаѓаат и други...
Енергетската криза силно ќе ги погоди болниците
Post Views: 47 Енергетската криза ги погоди и јавните здравствени установи. Петкратно се зголемени месечните сметки за електрична енергија во Специјалната болница за нефрологија Струга.Ако лани сметките изнесувале 250 000 денари за еден месец, годинава се над еден милион денари. Болницата располага со 100 болнички легла, се грее на нафта, но сметките се превисоки уште пред почетокот на грејната сезона. Менаџментот очекува помош од владата.Мора да ни помогне владата, парното ни е на нафта и нафта имаме обезбедено до февруари, март до тогаш ни е тендерот. Се надевам со...







