Автор: инфодеск
Post Views: 31 Во конкуренција од над 30 јавни претпријатија, ЈП „Охридски Комуналец“ освои 7 пехари и 12 дипломи, информираа од претпријатието.Кошарка жени-златен медалНајдобар кошаркар (жени) – Магдалена Билбилоска- златен медалКошарка жени – фер плеј екипа-златен медалМал фудбал мажи-златен медалИзнесување на смет-златен медалПикадо жени-сребрен медалМиење на јавни површини-бронзен медалШах мажи – фер плеј екипа-златен медалНастанот кој беше во организација на ССМ, се одржа од 15-ти до 18-ти септември во хотелот Десарет во Охрид.
Соработка помеѓу Општина Охрид и УИНТ
Post Views: 58 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, проф. д-р Иван Бимбиловски потпишаа меморандум за соработка.Со овој документ двете страни се обврзуваат на воспоставување заедничка соработка помеѓу двете институции, реализација на едукативна, научна, апликативна и соработка со користење на модерните трендови на информатичко- комуникациските технологии во работењето на Општина Охрид. Реализација на заеднички проекти од научен, административен и развоен карактер. Претставување и...
Дизелот поевтинува за 3 денари
Post Views: 40 Регулаторната комисија за енергетика одлучи за 1,38 проценти во однос на претходната одлука да го поевтини дизелот, додека цената на бензинот останува иста.Ова значи намалување на цената на дизелот за цели три денари за секој литар во однос на претходно, додека малопродажните цени на бензините не се менуваат.Од ноќеска на полноќ Еуродизел ќе се точи по цена од 92 денари по литар, додека Еуросупер БС 95 и Еуросупер БС 98 ќе се продаваат по истата цена како и досега, односно 84,50 денари за БС 95 и 87 денари за секој литар БС 98.Од Регулаторна...
Случајот со струшката депонија заглави на апелација
Post Views: 38 Судскиот процес за струшката депонија заглави во Апелационен суд. Веќе седум месеци се чека одлуката на Апелациониот суд Битола, по поднесената жалба од страна на тужените, коишто струшкиот суд го прогласија за ненадлежен за ваков судски процес. Екологистите алармираат, велат проблемот со струшката депонија бара итно решавање, бидејки иминативе пет години нема никакво подобрување на состојбите со управувањето со отпадот.Нов еко-проблем во струшко е повеќекратното спалување на дивата депонија во село Лабуништа.Со самото пасивно постапување на Апелациониот...
Млада жена убиена од својот сопруг
Post Views: 63 Во стан во Земун пронајдено е мртво тело на 27-годишна жена. Хорор сцени ги разбудија нејзините соседи.Како што пишуваат српските медиуми, полицијата ја пронашла мртва со тешки повреди на главата, а имала и завои преку устата.Станува збор за семејно насилство кое завршило со убиство и приведување на осомничениот – сопругот 33-годишен – соопштиле од полицијата.Повеќе детали за случајот засега не се откриваат.
Црвен Крст изрази благодарност до ПН Метал
Post Views: 40 На почетокот на оваа школска година, Црвен крст Охрид по четврти пат ја организираше хуманитарната акција „Даруваме радост за првачињата“ која имаше цел да се обезбеди училишен прибор за првачињата од социјално ранливите семејства од сите основни училишта на територија на Општина Охрид.Во рамките на оваа акција со донација од компанијата П.Н. МЕТАЛ Дооел Охрид се обезбедија 50 училишни ранци со комплет училишен прибор и спортска маичка, како и два преносни компјутери кои ќе се наоѓаат во просториите на Црвен крст Охрид и ќе можат да ги користат учениците за...
Филмот Улиште на 21 и 22 септември во Охрид
Post Views: 50 Косовскиот филм „Улиште” на режисерката Блерта Башоли, копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид на 21 и 22 септември 2022 година со почеток во 20 часот. Влезот ќе чини 100 денари.„Улиште” е за жена од Косово чиј сопруг исчезнал во косовската војна и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма. Македонски копродуцент е „Црна мачка продукција” и продуцентите Кристијан Буровски и Томи Салковски.
Обвинение за поранешен јавен обвинител
Post Views: 37 Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе обвинение против поранешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид за продолжено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на обвинителството: Обвинетиот, во периодот од 19 ноември 2013 година до 25 ноември 2021 година, додека се уште ја извршувал функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Охрид, очигледно несовесно...







