Skip to main content

Автор: инфодеск

Детско игралиште Лескајца

Санација на детското игралиште во Лескајца

Post Views: 46 Екипи на Јавното претпријатие „Градски пазар” изведуваат активности за санација и реконструкција на детското игралиште во рамки на ООУ „Братство единство” Лескајца.Предвидено е да се изврши промена на оградата, поставување на спортски реквизити, реконструкцијата на трибините и фарбање на игралиштето.Средствата за овие активности се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Охридски див костен

Oхридскиот див костен со висок биопотенцијал

Post Views: 34 Охридскиот див костен со најдобар биолошки потенцијал и високо антимикробно дејство посилно од некои антибиотици покажува последното истражување на тим универзитетски професори од Македонија, Србија и Турција.Истражувањето е спроведено врз примероци див костен од Охридскиот, Струмичкиот и Скопскиот регион, а фасцинантни резултати во овие обеми анализи прикажаа екстрактите добиени од Охридскиот див костен.„Навистина беше едно спонтано но би рекла обемно истражување од секој аспект. Пред се од аспект на утврдување на хемискиот состав на дивиот костен,...

Продолжи со читање

Точење на гориво

Дизелот поевтинува за два денари

Post Views: 40 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на одлуката од 12.09.2022 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 16.09.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин...

Продолжи со читање

Средба Пецаков Чеде

Општина Охрид со поддршка за Дејан Трајанов

Post Views: 34 Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков денеска оствари средба со пица мајсторот Дејан Трајанов Чеде.Познатиот пица мајстор на „Гастро туристичкиот фестивал“ 2022 година освои златен медал во категоријата на подготовка на пица и сребрен медал во категоријата за подготовка на паста и златен медал за апсолутен победник.Му честитам за постигнатиот успех. Општина Охрид ќе го поддржи за претстојниот натпревар во Република Бугарија, кој треба да му ги отвори портите за учество на Светскиот натпревар за подготовка на пица кој се одржува во Италија...

Продолжи со читање

Полиција

Велгоштанец нападнал жител на Свиништа

Post Views: 53 На 14.09.2022 во 15:20 часот во СВР Охрид пријавено е дека во близина на деловен објект во охридското село Косел, М.А.(52) од селото Велгошти физички го нападнал А.Н.(36) од селото Свиништа.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Училиште Оровник

Реконструирана училишната зграда во Оровник

Post Views: 34 Со цел подобрување на условите во образованието, реконструирана е училишната зграда во село Оровник.Изминатиот период извршивме санација/реновирање на училишната зграда во с. Оровник. Средствата во износ од 587.300 илјади денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца. Продолжуваме континуирано да инвестираме во подобрување на образованиетo – вели Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца.

Продолжи со читање

Кокаин

Жител на Косел фатен со кокаин

Post Views: 40 На 14.09.2022 во 18:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(23) од охридското село Косел.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин, информираат од СВР Охрид.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Тедрос Аданом

На повидок крај на пандемијата со коронавирусот

Post Views: 41 „Светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид-19, која уби милиони луѓе од крајот на 2019 година“, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус.Минатата недела неделниот број на смртни случаи од Ковид-19 падна на најниско ниво од март 2020 година. Никогаш не сме биле во подобра позиција да ставиме крај на пандемијата. Некој што трча маратон не застанува кога ќе ја види целта, тој трча побргу со сета енергија што му останува. Така и ние – рече шефот на СЗО.Тој порача дека...

Продолжи со читање