Skip to main content

Автор: инфодеск

забрането паркирање

Градежни активности на бул. Мак. Просветители

Post Views: 32 Градежните активности на булеварот „Македонски Просветители“ кои беа ставени во мирување, продолжуваат.За време на градежните активности на потегот ќе важи времен сообраќаен режим.Булеварот „Македонски Просветители“ се затвора за сообраќај на потег од крстосницата со бул. „Туристичка“ до крстосница со ул. „Димитар Влахов“, а сообраќајот се пренасочува по околната улична мрежа, при што истиот ќе се одвива согласно време поставената сообраќајна сигнализација.

Продолжи со читање

Мастер клас

Мастер Клас со Иан Рошлин и Боби Мојсовски

Post Views: 32 Како се прават дигитални игри на другата страна на светот? Што е актуелно во Америка, а што во Азија? Што значи да имаш издавач кој инвестира во твојата игра? Какво е чувството кога играта ќе ти биде презентирана на Gamescom и Pax West, а интервју ти прави Thomas Brush?Овие прашања и уште многу други ќе бидат дискутирани на мастер-клас предавањата кои ќе се одржат на Универзитетот за информатичка наука и технологија „Св. Апостол Павле” Охрид на 17-ти септември, сабота во 12:00 часот.Предавачи ќе бидат Ian Rochlin од Рио де Жанеиро, Бразил,...

Продолжи со читање

Форум на градоначалници

Висока оценка за финансиското работење

Post Views: 28 Во Охрид се одржа Форум на градоначалници организиран од УСАИД Македонија, на кој беа презентирани резултатите од алатката за само-оценка. На форумот учествуваше и градоначалникот Кирил Пецаков.Денес сме тука да најдеме начин да ги искористиме најдобрите можности за реализација на проекти од општ интерес. Заеднички ќе дискутираме за Подобрување на капацитетите на вработените во одделението за финансии и данок на имот при нашите општини. Развивање на ЛЕР планови по нова методологија, можност за обучување на вработените од нашите општини кои би правеле внатрешна...

Продолжи со читање

Полиција

Кривична пријава за жител на Драслајца

Post Views: 39 СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(53) од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.При контрола, извршена на 09.07.2022 на булеварот ,,Железничка” во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган според Законот за превоз во патниот сообраќај – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Нови книги

Нови пет предлог книги

Post Views: 41 Во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од денеска побарајте ги следните интересни наслови:„Последната кралица“ од К.В. Гортнер во издание на Култура.Хуана од Кастилија, последната кралица со чиста шпанска крв што го наследи престолот на својата земја,со векови е енигматична фигура обвиткана со неверојатна мистериозност. Дали таа беше вдовица, како што вели легендата, која беше полудена од нејзината загуба, или историјата погрешно ја проценила жената што била пред своето време?Ангел во тело од Билјана Тинтоска од Прилеп е...

Продолжи со читање

Академик Ѓорѓи Поп Атанасов

Поп Атанасов : Не се преговара за својот јазик

Post Views: 59 Никој не смее и не може да преговара за идентитетот и за македонскиот јазик. Треба да ја зајакнеме националната свест. Ако имаме свесни Македонци, цврсти и непоколебливи, тогаш ќе ја зачуваме државата, ќе ги зачуваме и идентитетот и јазикот, вели академик Ѓорѓи Поп Атанасов.Според него Бугарите негираат се што е македонско, им пречи древната историја.Не можеш ти да преговараш за своето минато, не можеш да преговараш за својата историја. Не можеш да преговараш за својата писменост, книжевност и јазик. Не може за својот јазик да преговараш или за својот...

Продолжи со читање

Вакцинација на деца

Мал бројот на имунизирани деца со МРП вакцина

Post Views: 90 Во Охрид е мал бројот на имунизирани деца со МРП вакцина. Се пробиваат тремините од календарот за имунизација и ревакцинација, информира д-р Соња Мариноска, раководител на службата за здравствена заштита на деца и младинци. Интересот кај родителите опаѓа за да ги донесат децата за да се вакцинираат посебно за МРП. Оваа вакцина штити од вируси на заразните заболувања морбили, рубела и паротитис.  Со нормализирање на животот апелирам родителите да не ја одложуваат вакцинацијата кај децата туку да ги донесат во вакциналната служба на определниот термин. Многу е...

Продолжи со читање

Седница

Утре ќе се одржи 16-тата седница на Советот

Post Views: 38 Утре Советот на општина Охрид ќе ја одржи 16-тата седница. На дневен ред се 42 точки.Советниците ќе одлучуваат за давање согласност на одлуката за утврдување на работното време на вработените во Јавната општинска установа за деца – детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид.Советничката од партијата Левица, Виолета Аврамоска, до Претседателот на Советот на Општина Охрид, поднесе Иницијатива за донесување одлука со која Советот на Општина Охрид од Министерството за труд и социјална политика, ќе побара воведување на двосменско работно време во детските...

Продолжи со читање