Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид трчат

АК Охрид трчаТ на Куп на Македонија

Post Views: 61 Изминатиот викенд Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ” учествуваше на Купот на Македонија за младинки/ци кој се одржа во Скопје на Националната арена „Тоше Проески”.На натпреварот учествуваа 9 атлетичарки/и кои сеуште се дел од пионерските конкуренции и тие се натпреваруваа во неколку атлетски дисциплини.На првенството покрај за подобро место учесниците се натпреваруваа и за подобар резултат со кој би се достигнале нормите за освојување на бодови за клубот.Учесници на првенството со постигнати резултати се:1. Софија Балоска, 800 метри, 4...

Продолжи со читање

Охридски староградски средби

Во петок Охридски староградски средби

Post Views: 31 По 34-ти пат ќе се одржат „Охридски староградски средби“. Фестивалот е закажан за петок 16-ти септември во Центарот за култура „Григор Прличев“ пред платото со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.„Охридски староградски средби“ е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции. Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века....

Продолжи со читање

Силување

Силувано уште едно девојче во Косово

Post Views: 37 Уште еден случај со силување го тресе Косово. Во полиција е пријавен случај на сексуално насилство над малолетничка. Портпаролот на полицијата за регионот Пеќ, Фадиљ Гаши потврди дека е пријавено дека полнолетен маж силувал девојче, во општината Исток, пренесоа приштинските медиуми.Инцидентот се случил на 9 август, но жртвата не го пријавила случајот веднаш поради страв. Инспекторите работат на случајот и на осомничениот му е одреден притвор од 48 часа – изјави Гаши.Пред 10 дена е пријавен случај на силување на 11-годишно девојче во...

Продолжи со читање

Точење на гориво

Горивата поевтини за еден денар

Post Views: 36 Од ноќеска на полноќ за еден денар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 84,50 денари, а 87 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 97 денари, а екстра лесното за 93,5 денари.Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,990 денари за килограм и ќе изнесува 51,473 денари за килограм.Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се...

Продолжи со читање

Полиција

Приведен државјанин на Тунис кај Св. Наум

Post Views: 30 На 11.09.2022 во 19:15 часот во Св. Наум-Охрид, на регионалниот пат кај место викано „33 Горица”, поради илегално преминување на државната граница, полициски службеници приведоа државјанин на Тунис.Тој немал документ за идентификација, а се претставил како Т.С.(49). Задржан е во полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св. Наум” и ќе биде спроведен до Прифатно-транзитниот центар „Винојуг” Гевгелија – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Акција за чистење на Охридското езеро

Исчистено дното на Охридското езеро кај Трпејца

Post Views: 33 Согласно годишната програма за 2022 на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, се одвиваше акција за чистење на дното на Охридското езеро кај Трпејца.Акцијата ја реализираше „Клубот за подводни активности“.Како што информираат од дното на езерото била извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети, бојлери, телевизори и покуќнина.Целта на акцијата е заштита на Охридското езеро и подигање на јавната свест.

Продолжи со читање

Формула 1

По 83 години Формула 1 во Белград

Post Views: 45 Формула 1 по 83 години ќе се гледа на централните улици низ Белград.На 17-ти септември на улиците на главниот град ќе се одржи најочекуваниот спортско-социјален настан на годината „Red Bull Show Run“, а за најверните фанови во продажба се билети за четири трибини во строгиот центар на градот.Шампионскиот автомобил „РБ7“ на Себастијан Фетел ќе вози низ белградските улици, а сензационалниот автомобилски спектакл ќе го комплетираат „дрифт шоу“ и „каскадерско возење“ со мотоцикли. Главните ѕвезди на настанот се шампионот во Формула 1 Дејвид Култхард, Ред...

Продолжи со читање

Полиција

Битолчани нападнале охриѓанец на Туристичка

Post Views: 29 На 11.09.2022 година во 22:30 часот во СВР Охрид, приведени се Д.Т.(33), К.К.(39), Ѓ.С.(26) и И.В.(39), сите од Битола.Тие претходно на булеварот „Туристичка” во Охрид, физички го нападнале А.С.(43) од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање