Автор: инфодеск
Post Views: 111 Од Општина Дебрца информираат дека согласно Годишната програма за развој на спортот во општината завршена е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на ООУ „Дебрца” Белчишта.Поставена е нова асфалтна подлога, на површина од 998 м2, а средствата во износ од 1.426.226 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
„Книгата најдобар другар на децата“, проект на охридската библиотека
Post Views: 119 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец ќе го спроведе проектот „Книгата најдобар другар на децата“. Од библиотеката ги покануваат учениците од Охрид кои од септември ќе започнат шесто одделение да се приклучат на проектот.-Ние како НУ-библиотека ,,Григор Прличев’’ имаме задача да ја доближиме библиотеката до децата кои се нашата иднина, да им помогнеме да ја засакаат книгата која може да биде нивен најдобар другар, се вели во нивното соопштение.Предмет на проектот се едукативни книги...
Светата маченичка Теодосија Тирска
Post Views: 154 Во времето на царот Максимијан, во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги фалеше и ги храбреше за маченичката смрт. Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и ѝ обесија камен на вратот, па ја фрлија во морските длабочини. Но Ангелите Божји ја изнесоа жива на брегот. Кога повторно му се јави на судијата, овој нареди да ја убијат со меч. Следната ноќ, Теодосија им се јави на нејзините родители сета во величествен...
Сончево со мала до умерена облачност
Post Views: 101 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Во Охрид температурите од 15 до 27 степени Целзиусови.Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без промени, информираат од УХМР.
Известување за асфалтирање на дел од улицата „Даме Груев“
Post Views: 139 Поради градежни активности за асфалтирање утре, (среда) 11.06.2025 година, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Даме Груев“ на потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со булевар „Туристичка“.Се известуваат жителите кои што живеат во овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да не ја користат оваа улица.
Оштетена водоводната мрежа во Подмолје, населеното место без водоснабдување
Post Views: 174 Јавното претпријатие за комунални дејности Дебрца ги известува жителите на населеното место Подмолје дека изведувачот на патот, компанијата СиноХидро, во неколку наврати (вкупно 5 пати) ја оштети водоводната мрежа, поради што населеното место остана без водоснабдување.-И покрај нашите укажувања и претходни интервенции, вчера повторно беше предизвикано оштетување кое го саниравме, а денеска е констатирано дека е повторно е скинато црево, реагираат од ЈПКД Дебрца.Со цел да се обезбеди редовно водоснабдување и да не се повторуваат вакви прекини, од...
Новата сезона на Adriatic Teqball League започнува oд Охрид
Post Views: 233 Сè е подготвено за второто издание на Adriatic Teqball League (ATL). Најдобрите текбол играчи во светот ќе започнат борба за „јадранската круна“ токму од бисерот на Северна Македонија – Охрид ќе биде домаќин на првиот турнир од новата сезона на Јадранската Текбол Лига, во сабота, на 14 јуни.На првиот од петте ATL турнири планирани за оваа сезона, ќе се игра во две категории – машки сингл и машки дубл, со предвиден награден фонд од 3.000 евра.Натпреварувањето ќе се одржи во две фази – првата фаза е планирана во спортската сала на Основното училиште...
Денес завршува учебната година, Јаневска со честитка за успешниот крај на учебната година
Post Views: 205 Денеска е последниот училиштен ден за основците и среднношколците за учебната 2024/2025 година и учениците до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај. Полуматурантите, пак, од 14ти до 17ти овој месец треба да се запишат во средно образование.Посебна честитка министерката Јаневска им упати на родителите и старателите како партнери во...
Намален притисок на водата поради интервенција во пумпената станица Метропол
Post Views: 127 Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција во пумпената станица Метропол, денес од 10:30 часот, неколку часа можно е водоснабдувањето на територијата на градот и околината да биде со намален притисок.
Избрани најуспешните ученици од ООУ „Григор Прличев“
Post Views: 225 Од ООУ „Григор Прличев“ информираат дека согласно Правилникот за номинирање, избор и прогласување на првенец на генерација и пофалени ученици при ООУ „Григор Прличев” Охрид, Наставничкиот совет ја избра ученичката Нина Кузманоска за првенец на генерацијата.Покрај Нина, како дел од најуспешните ученици се избрани и Виктор Милески, Калина Симоноска, Јована Јолевска, Мартина Димоска, Лора Шумуликоска, Марија Ламбеска, Сандра Ническа, Леа Шумуликоска и Андреј Галевски.-На сите ученици им посакуваме успех во понатамошниот тек на своето образование и им...
Денес започнува Меѓународниот турнир во кошарка „Охрид 2025“
Post Views: 190 Кошаркарскиот клуб „Колибри“, од денес до петок го организира четвртиот по ред, Меѓународен турнир во кошарка „Охрид 2025“ во спортската сала Билјанини Извори – Охрид.Меѓународниот турнир во кошарка е предвиден за девојчиња и момчиња, генерации М10, М12, М14 и М16.– Започнавме локално, па државно, а сега сме интересни за цел регион. На турнирот ќе настапат 12 екипи во предвидените натпреварувачки генерации, со нешто повеќе од 300 деца. Свеченото отворање е закажано за вторник, 10-ти јуни 2025 одина, со почеток во 18:00 часот во Спортската сала...
Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски
Post Views: 159 Во младоста се одрече од светот и се оддалечи на монашки подвиг. Блескајќи со добродетелта како сонце, беше забележан од црковните старешини и воздигнат на архијерејскиот престол во Халкидон. Како архијереј беше особено милостив кон бедните и многу се грижеше за сираците, вдовиците и сиромашните. Кога злочестивиот Лав Ерменин стана против иконите, стана и овој свети Никита во одбрана на иконите, разобличувајќи го царот и објаснувајќи му го значењето на иконите. За ова претрпе многу понижувања, злоставувања и затварања. Најпосле беше протеран во прогонство заради...