Skip to main content

Автор: инфодеск

„Мали стапала“ две години обезбедува стручна поддршка и индивидуален пристап за секое дете

Views: 282 Центарот за стимулација на раст и развој, едукација и советување „Мали стапала“ деновиве одбележува две години успешно работење, посветени на поддршката на децата и нивните семејства. Во изминатиот период, центарот се етаблираше како место каде што секое дете добива индивидуален пристап, стручна поддршка и можност да ги развива своите потенцијали во поттикнувачка и безбедна средина.-Она што го издвојува „Мали стапала“ е пристапот кој се темели на индивидуалните потреби на секое дете. Третманите и активностите се внимателно планирани и прилагодени според развојните...

Продолжи со читање

Наскоро „One Stop Shop“ на граничните премини Свети Наум и Ќафасан

Views: 267 Системот за заеднички гранични контроли „One Stop Shop“ наскоро ќе биде ставен во функција на граничните премини Свети Наум и Ќафасан кон Албанија, најави вицепремиерот Беким Сали во Собранието.Одговарајќи на пратеничко прашање, Сали посочи дека операционализацијата на системот на овие премини се очекува во наредните денови, со што ќе се олесни движењето на граѓаните меѓу двете соседни земји и ќе се намалат времињата за чекање на граница.Тој нагласи дека Владата сериозно пристапува кон проектот и дека добрососедските односи и олеснувањето на прекуграничниот сообраќај...

Продолжи со читање

Свр Охрид

20-годишник приведен по сообраќајна несреќа кај Коњско, тешко повредена малолетна сопатничка

Views: 201 Дваесетгодишен жител на кривопаланечко е приведен откако со четирицикл излетал од патот на локалниот патен правец меѓу охридските села Горно и Долно Коњско, при што тешко била повредена 16-годишна сопатничка.Несреќата се случила на 24 јуни околу 19:30 часот. Според информациите од СВР Охрид, возачот изгубил контрола над четирициклот и излетал од коловозот.Во несреќата тешки телесни повреди здобила 16-годишна девојка од село Марино, општина Илинден, а повредите биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.При увидот, извршен по налог на јавен...

Продолжи со читање

Во вторник „Распеана чаршија“ со ВИС Билјана

Views: 231 Во вторник, 30 јуни, охриѓани и посетителите на градот ќе имаат можност да уживаат во музичкиот проект „Распеана чаршија“,во организација на музичката група ВИС Билјана.Настанот ќе започне во 19:30 часот со свечено дефиле низ Охридската чаршија, кое ќе внесе празнична атмосфера и ќе ги оживее старите градски улици со музика и песна.Програмата продолжува во 20:00 часот со концерт кај Чинарот, каде ВИС Билјана ќе настапи со репертоар исполнет со македонски староградски и народни песни, создавајќи вечер посветена на традицијата, музиката и духот на Охрид.-Ги покануваме...

Продолжи со читање

Струја

РКЕ размислува за нов тарифен модел од 2027 година, подолга дневна евтина тарифа, укинување на ноќната

Views: 259 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) разгледува можни измени на тарифниот модел за електрична енергија, меѓу кои продолжување на евтината дневна тарифа, воведување евтина струја и во сабота, како и преиспитување на сегашната ноќна евтина тарифа.Како што изјави претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, анализите покажуваат дека најниски цени на електричната енергија има во периодот од 11 до 15 часот, кога на пазарот постојат вишоци струја, па се разгледува можноста евтината тарифа да се прошири токму во тие часови.На маса е и предлогот евтината тарифа да важи и во сабота,...

Продолжи со читање

Поголем дел од централното градско подрачје денес неколку часа без вода

Views: 160 Поради дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без водоснабдување ќе останат корисниците на повеќе улици во градот.Според информациите од надлежните служби, прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“, „Кеј Македонија“, „Серафим Китаноски“, „Ванчо Николески“, „Кузман Јосифоски Питу“, „Климент Охридски“, „Цар Самоил“, „Самоилова“, „Коста Абраш“, „Петар Чаулев“, „11 Октомври“ и „Климентска“, како и на делови од улиците „Јане Сандански“ и „Илинденска“ и булеварот „Туристичка“.Екипите се на терен и...

Продолжи со читање

Во сабота Дарко Биберко со музичка авантура за најмладите во Охрид

Views: 257 Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, Општина Охрид ги поканува најмладите сограѓани и нивните родители на музичко-забавен настан со омилениот детски лик Дарко Биберко.Настанот ќе се одржи на 27 јуни 2026 година (сабота), со почеток во 19:00 часот, на Кеј Македонија, во дворот на Хотел Палас.-Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со музика, игра, дружење и многу детски насмевки. Оваа музичка авантура е дел од летната програма на проектот „Културата расте со децата“, чија цел е преку различни културни и едукативни содржини да им...

Продолжи со читање

Во сабота започнува 41. Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2026“

Views: 188 Со свечено отворање в сабота, на 27 јуни, во 20 часот, во Галеријата „Ѓорѓија Целески“ во Белчишта, ќе започне 41. издание на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца 2026“.Годинашната колонија ќе се одржи под мотото „Од камен до код – ехо на земјата, глас на иднината“, тема која ги поврзува традицијата, културното наследство и современите предизвици на технолошката ера.Организаторот, Здружението „Ликовна колонија – Дебрца“, годинава ќе угости десетмина уметници од Македонија и странство. Почесен гостин е академскиот ликовен уметник Јордан Манасиевски,...

Продолжи со читање