Автор: инфодеск
Post Views: 27 На 11.09.2022 година во 13 часот во СВР Охрид, пријавено е пронајдено починато лице во месноста „Краста”, атар на охридското село Лескоец.Од извршениот увид, предводен од Јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Р.Ѓ.(51) од селото Лескоец чија смрт, без траги на насилство е констатирана од лекар на Итната медицинска помош Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Македонија шеста најсиромашна земја во Европа
Post Views: 41 Mакедонија е една од десетте најсиромашни земји во Европа, објавува Канал 5 во својот прилог.Од балканските земји, посиромашни од нас се само Косово и Албанија. Најсиромашната европска земја е Украина, во листата се и Грузија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора. Заедничко за сите е што ниту една земја не е членка на Европската унија.На веб-агрегатот „World Population Review“, кој обработува податоци од релевантни извори како Светска банка и Обединетите нации, земјава се најде на шестата позиција на неславната...
Се скрши гранка од стариот Чинар кај Кошишта
Post Views: 42 Се скрши голема гранка од стариот Чинар во населбата Кошишта, што предизвика оштетување на дрвото кое се наоѓа во близина на станбена зграда.Екипи на јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец” се на терен ја отстрануваат трулата гранка, која падна ноќеска над објект и за среќа не повреди случајни минувачи.Општина Охрид има управувачко право со чинарите. За таа цел пролетта ангажиравме експерт за кастрење и одржување, кој направи увид и даде насоки за негово уредување. Гранката што падна е трула. Екипи на Охридски комуналец од утрово се на терен ја...
Во четврток претставата Крик за љубов
Post Views: 34 На 15-ти септември во четврток ќе се одигра претставата „Крик за љубов“, на ЖОЗИЕН БАЛАСКО, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.Претставата започнува во 20 часот, во големата сала на Центарот за култура, а влезот ќе чини 200 денари.Играат : Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски.Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
Успешно спроведен проект во рамки на Еразмус+
Post Views: 38 Во рамките на програмата ERASMUS+ CBHE 2020 година, Здружението за екологија „ЕКОМЕНЛОГ“ од Охрид во соработка со Јавната научна установа „Хидробиолошки завод“ од Охрид и останатите партнери спроведува проект насловен „Зајакнување на образовните капацитети за управување со ризик од неавтохтони водни видови во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) – Рискмен“.Конзорциумот на проектот RiskMan се состои од партнери од осум земји: Турција, Италија, Македонија, Грција, Хрватска, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Главен координатор на...
21 година од терористичките напади во САД
Post Views: 33 Со низа церемонии во Њујорк денеска се одбележува 21 година од терористичките напади на Соединетите Држави во кои загинаа околу 3.000 луѓе, а повеќе од 25.000 беа повредени.Терористичкиот напад врз кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк и врз зградата на Пентагон го извршија членови на Ал Каеда со киднапирани патнички авиони.Деветнаесет членови на Ал Каеда упаднаа во кабините на четири патнички авиони и ја презедоа контролата. Авион на „Американ ерлајнс“ влетал во северната кула СТЦ во долниот дел на Менхетен, а дваесет минути подоцна авион на...
Маж од Кавадарци избоден со нож па запален
Post Views: 45 Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж, кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален, соопшти Обвинителството.Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање на сторителот или сторителите.Веднаш по пронаоѓањето на телото беше извршен увид на лице место, а сега по наредба на јавниот обвинител се вршат и дополнителни увидни дејствија и разговори со повеќе лица.
Почина Коста Фортомароски
Post Views: 34 Вчера во Охрид на 89-годишна возраст почина познатиот охридски просветен работник и писател Коста Фортомароски.Коста Фортомароски роден е во Охрид во 1933 година во стара охридска фамилија. Основно училиште завршил во Скопје каде работел татко му, но кога почнува војната 1941 година се враќа во Охрид и го продолжува школувањето. Настапуваат тешки години. Рано го губи татко му. По завршувањето на основното училиште учи во Учителската школа во Битола, а потоа на Виша педагошка школа-македонски јазик во Скопје. По завршувањето на вишата школа се вработува како...







