Skip to main content

Автор: инфодеск

Две лица управувале такси возила без лиценца

Post Views: 15 На 20.05.2022 година, при извршени контроли, полициските службеници од одделението за економски криминалитет при СВР Охрид, ги затекнаа Н.П.(32) од Струга и З.М.(46) од струшкото село Радолишта, при управување такси моторни возила со кој вршат јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај.Притоа констатирале дека тие не поседуваат важечка лиценца за таа дејност, издадена од надлежен државен орган. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Mарш за подигнување на свеста за врсничко насилство 

Post Views: 7 Ученици од ООУ „Христо Узунов“ беа дел од активностите во рамките на Erasmus + проектот насловен „Becoming BULLY-proof and BULLY-less”. Со својот марш беа дел од организација на одржлив јавен настан составен од разновидни активности со кои преку интердисциплинарен пристап ќе влијаат на зголемување на свеста за врсничкото насилство.Во изминатиот период учениците интензивно учествуваа на практични работилници со цел да се стекнат со соодветни вештини и во иднина да можат навреме да препознаат различни видови на врсничко насилство и да стекнат подлабок увид за...

Продолжи со читање

Нов времен режим на сообраќај на Мак. Просветители

Post Views: 13 Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од 23.05.2022 (понеделник) на дел од улицата „Македонски Просветители“ и на дел од улицата „Димитар Влахов“ ќе се воспостави нов времен режим на сообраќај заради интензивирање на градежните работи на улицата „Македонски Просветители“.На ул. „Македонски Просветители“ на потегот од крстосницата на оваа улица со улицата „Даме Груев“ па се до крстосницата на оваа улица со улицата „Партизанска“ ќе се воспостави еднонасочен сообраќај во правец кон езерото.Возилата кои се движат по ул. „Димитар Влахов“ на...

Продолжи со читање

Заврши 21 Републички натпревар Млади библиотекари

Post Views: 12 Прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место на 21-от Републички натпревар „Млади библиотекари“ што се одржа во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, а домаќин беше НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.Николоска со освоени 91 од вкупно 120 бода, победи во конкуренција од 20 учесници од цела држава, кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар. Втора беше Ива Додевска од Куманово со освоени 84 бода, а третото место ѝ припадна на Тијана Стојменова од Струмица со...

Продолжи со читање

Во тек е хуманитарна продажна акција во Охрид

Post Views: 12 На плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот во тек е голема хуманитарна продажна акција. Истата е во организација на ОО Црвен крст Охрид и компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп.Акцијата ќе трае до 17 часот, а изложени се надалеку познатите производи на „Комфи Ангел“, постелнини, перници, јоргани, душеци и др. Посетителите имаат единствена можност производите да ги набават по промотивно-хуманитарни цени.Дел од собраните средства ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на граѓани во Охрид. Но, дел ќе има и за бегалците од Украина кои...

Продолжи со читање

ФА Бисери врши упис на нови членови

Post Views: 7 Фолклорниот ансамбл „Бисери“ при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид врши упис на нови членови и тоа во следниве категории:Играорки/Играорцичленови во народен оркестарИнформации од понеделник-петок од 11-17 часот на следните телефонски броеви071-391-086 Маја075-340-494 ЃокоИнаку, членувањето во ФА „Бисери“ е бесплатно!

Продолжи со читање

Со показна вежба одбележан Денот на пожарникарите

Post Views: 12 Во Охрид се одбележа Денот на пожарникарите. По тој повод беше презентирана показна симулативна вежба извлекување на повредени во тешка сообраќајна несреќа. Статистички гледано, во Охрид, годишно се случуваат од 390 до 420 интервенции. Во пресрет на летото и сушниот период пожарникарите повикаа граѓаните да бидат посовесни и одговорни.Овој период немаме некој поголем интензитет на пожари, посебно пожари на отворен простор, бидејќи вегетацијата е веќе зазелената. Меѓутоа, во наредниот период се очекуваат. Статистички, изминатите години, пожарите се движат горе...

Продолжи со читање

Изложба Излишно на Наташа Гелева

Post Views: 6 Во рамки на годишната програма на НУЦК „Григор Прличев“ Охрид, на 26-ти мај, со почеток во 19 часот во изложбениот салон, ќе биде отворена изложбата на фотографии насловена „Излишно“, на уметницата Наташа Гелева.„Циклусот од 30 фотографии „Излишно“ се занимава со документација на објекти во распаѓање, јавни објекти кои своевремено служеле на заедницата, а денес сведочат за нашата негрижа и изгубени вредности на солидарност, социјална и економска несигурност, општество кој го става граѓанинот на последно место.Соочувајќи се со излишноста на овие објекти,...

Продолжи со читање