Автор: инфодеск
Post Views: 6 На 17.05.2022 година околу 22 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на селото Пештани, нарушен е јавниот ред и мир.Извршен е физички напад од Ј.Ц. врз С.Р. (43), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Субвенции за земјоделците
Post Views: 7 Одгледувачите на три житни култури и сончоглед ќе добијат субвенции од државата. За посевите засеани со сончоглед, пченица, пченка и јачмен, земјоделците ќе добиваат финансиски средства.Со парична помош ќе им се ублажат последиците од високите производствени трошоци, информира Билјана Ѓорческа, в.д.раководител на Агенцијата за поддршка и промоција на земјоделството.Финансиска поддршка за набавени вештачки ѓубрива, доколку земјоделското стопанство, барателите имаат набавено вешатачки ѓубрива во 2021 и 2022 година. До 31 мај може да се пријават во...
Отворен ден во СОСУ Св. Кирил и Методиј
Post Views: 13 Утре во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во периодот од 10:30 до 14:30 часот ќе се одржи Отворен ден.Полуматурантите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со наставните планови, програми и можностите кои ги нуди ова средно училиште.Одличен избор на образовни профили, одлични технички и просторни услови. Квалитет и стручност. Ве очекуваме – велат од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.
Глобалното загадување убива 9 милиони луѓе годишно
Post Views: 12 Девет милиони луѓе во светот починале предвреме во 2019 година поради загадувањето, се наведува во студијата објавена во списанието „Лансет“.Еден од шест предвремени смртни случаи е поврзан со загадувањето, главно со лошиот квалитет на воздухот.Загадувањето и отпадот во воздухот, водата и почвата ретко убиваат директно, но се во основата на тешки срцеви заболувања, тумори, респираторни проблеми и акутни стомачни тегоби.Ефектите на загадувањето врз здравјето остануваат значително поголеми од оние на војната, тероризмот, маларијата, ХИВ, туберкулозата,...
Бензините поскапуваат за 2,5 денари
Post Views: 8 Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цената на бензините за 2,5 денари/литар. Цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.Од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 94,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96,5 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.Дизелот и натаму ќе чини 86 денари/литар, а екстра лесното масло за домаќинство 84 денари/литар.Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на...
Функционална проценка на попреченоста кај деца
Post Views: 18 Сојузот на специјални едукaтори и рехабилитатори на Македонија, ги повикува сите заинтересирани лица да го искажат својот интерес за учество на Јавниот повик за учество на сеопфатна обука за функционална проценка на попреченоста кај деца, втемелена на Меѓународната класификација за функционирање, попреченост и здравје (МКФ).Обуката се организира за потребите на стручните тела за функционална проценка по МКФ и е наменета за стручни лица: специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, лекари и социјални работници за територија на југозападниот плански регион...
Изложба на дела од годишна ликовна работилница
Post Views: 13 Во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци” Струга, во сабота со почеток во 18 часот ќе се одржи изложба.На изложбата ќе бидат претставени дела од годишната ликовна работилница од основните училишта која се одржува во Улцињ, Црна Гора.Изложбата ќе биде поставена во фоајето на Центарот за културата.Во недела, изложбата е закажана со почеток во 17 часот.
(ОБНОВЕНО) Пристигнаа холандските туристи
Post Views: 11 На охридскиот аеродром утрово пристигна првиот лет од Холандија. 155 туристи од Амстердам на седумдневен одмор дојдоа во Охрид.Холанѓаните се вљубени во Македонија. Некои гледале фотографии од одморот на свои пријатели, други каталози со натписи за нашата земја додека патувале на некоја друга дестинација. Па токму затоа решиле одморот да го минат на брегот на Охридското езеро.Сакаат да се запознаат со богатото културно и историско наследство, да го видат најголемото езеро во Европа, но и да уживаат во македонската традиционална храна.Ова ми е...