Skip to main content

Автор: инфодеск

Заврши реконструкцијата на игралиштето во Мешеишта

Post Views: 12 Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески на фејсбук информираше дека е завршена реконструкцијата на фудбалското игралиште во с. Мешеишта.Вредноста на договорот е 1.359.537 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината. Продолжуваме да инвестираме во спортот – напиша Ногачески.

Продолжи со читање

Антикорупциска едукација на млади

Post Views: 20 Во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ успешно е реализиран уште еден проект на тема ,,Антикорупциска едукација на млади”. Во рамки на проектот беа извршени низа работилници, презентација и дебата на тема корупција/антикорупција.Исто така, беше спроведен анкетен прашалник помеѓу ученици од четврта и трета година, со цел утврдување колку младите се запознаени со конкретната тема и изнесување на клучните елементи преку хамер-изработка.Во рамки на проектот беа вклучени група на ученици од четврта и трета година, економско –правна и трговска струка. Ментори...

Продолжи со читање

Грст награди за атлетичарите од АК „Охрид трчаТ“

Post Views: 14 Изминатиот викенд во организација на Атлетска федерација на Македонија во Скопје се одржа атлетски митинг „Светски ден на атлетиката” кој беше наменет за неколку категории на атлетичари и тоа сениори/ки, млади младинци/ки и Детска атлетика во двете категории 7/8 години и 9/10 години.На истиот натпревар членовите на АК „Охрид трчаТ” учествуваа со 42 атлетичари кои настапија во сите споменати категории. Претставниците на клубот забележаа значајни резултати и тоа во сите категории: 1. Детска атлетика категорија 9/10 години – екипно прво...

Продолжи со читање

Од инфо таблите не се гледа езерото

Post Views: 18 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, граѓани се жалат на поставените инфо табли во центарот на Охрид. Велат дека таблите го попречуваат погледот кон езерото, паркот, пристаништето…Од табливе за инфо, не се гледа ни уредениот парк, ниту пристаништето, ниту пак езерото. Демек на две места за подобра информација. Ругло на Охрид – пишуваат граѓаните.

Продолжи со читање

Детско игралиште во лоша состојба

Post Views: 9 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа слики од детско игралиште во Охрид. Граѓани се жалат дека сеуште не е завршено реновирањето кое започнало пред околу три месеци. Паркот е оставен во лоша состојба. Ова е нивниот коментар:Сликите се од паркот меѓу ул. „Даме Груев“ и ул „Јане Сандански“. Овој парк се реновира скоро три месеци и никако да се заврши. Да видат граѓаните колку надлежните се „професионални“ во извршување на работите. Охрид не е само центарот – велат граѓаните за „Ти си твојот град“.Погледнете ги сликите во продолжение...

Продолжи со читање

Тепачка на улицата 8-ми септември во Охрид

Post Views: 9 На 15.05.2022 година околу 21:30 часот на улица „8-ми септември” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.М. (42) врз В.М. (74), двајцата од Охрид.Напаѓачот е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Македонија ќе примени блок тарифи за ел. енергија

Post Views: 9 Македонија станува прва земја во регионот која ќе примени блок тарифи за користење на електричната енергија. Ова го кажа на прес конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси Марко Бислимовски.Цената на највисокиот блок за домаќинствата ќе биде многу блиску до пазарната цена. Како причина за вовоедувањето на овие блоки тарифи, Бислимовски го наведе фактот дека 17 домаќинства во државата трошат 10% од вкупната потрошувачка на домаќинствата или 330 милиони Kwh или 30% од домашното производство од хидроелектраните во...

Продолжи со читање

75 години Институт за педагогија

Post Views: 11 Во организација на Институтот за педагогија при Филозовскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска започна Меѓународната конференција „75 години Институт за педагогија-Воспитно образовни предизвици и перспективи“ која до 18-ти мај ќе се одржува во Охрид.Во своето поздравно обраќање пред присутните градоначалникот Кирил Пецаков упати големо признание до организаторите за целокупниот придонес, како најстара високообразовна институција за едукација на педагози, наставници и воспитувачи во нашата држава.Одржувањето на овој академски...

Продолжи со читање