Автор: инфодеск
Post Views: 129 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Денес и утре во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без промени.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 16 до 27 степени Целзиусови.
Поскапува дизелот
Post Views: 181 Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Цените на бензините останува непроменета, додека ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 1 денар.ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по цена од 66 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74,5 денари, и на ЕУРОСУПЕР 98+ останува 76,5 денари.Поскапуваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 1 ден. и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари. Цената на мазутот се зголемува за 0,6 денари и ќе изнесува 38,5 денари.
ЈП Охридски комуналец: Поставени канти за отпад на Горица 3, темелно се чисти плочникот на патеката од канал Студенчишта до Горица
Post Views: 142 Од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид информираат за дел сезонските активности за одржување на јавната хигиена кои ги извршија во изминатиот период.–Согласно Програмата за работа за 2025 год., на плажата Горица 3 поставени се 10 канти со капацитет од 240 литри за депонирање на ситен отпад; На оваа јавна плажа дежурните екипи започнаа со секојдневно одржување на хигиената, а почнувајќи од месец јули ќе се постават канти и на плажите кои не се дадени под концесија на потег од Лагадин до Пештани. Темелно се чисти плочникот околу клупите и...
Лана Трпкоска e првенец на генерација за учебната 2024/2025 во ООУ „Св. Климент Охридски“
Post Views: 200 Од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид информираат дека врз основа на Правилникот за пофалување и наградување и изрекување педагошки мерки на денешниот Наставнички совет, избран е првенецот на генерација за учебната 2024/2025 година.– Како училиште сме горди што имавме ученичка која освен одличниот успех и низа освоени награди на регионални и државни натпревари се истакнува како пример за другарство, негување позитивни вредности, хуманост, солидарност, сестраност и натпреварувачки дух. И честитаме и и посакуваме многу успех во иднина, велат од ООУ „Св....
Интервенција на Планинската спасителна служба за извлекување повредена жена на Јабланица
Post Views: 247 Од планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид информираат дека утрово нивниот оперативен центар добил аларм за интервенција на планината Јабланица, каде женска особа од Струга, се здобила со сериозна повреда на скочен зглоб.-Поради комплексноста на теренот и далечината од најблискиот пристапен пат, ПСС се обрати до ЦУК со барање за воздухопловна асистенција. Во меѓувреме, еден тим од 6 спасувачи со теренско возило се упати кон планината со цел пешки да пристапи во случај да нема можност за интервенција со хеликоптер. За среќа, пред 30 мин беше беше...
Охрид најпродавана еднодневна екскурзија во Албанија
Post Views: 155 Охрид е најпродаваната еднодневна ексурзија во соседна Албанија. Се смета за најатрактивна дестинација за бројните странски гости кои летуваат на Јадранското и Јонското море. Туристите од Полска, Чешка, Романија и голем број други европски земји со некоку автобуси дневно го посетуваат градот под заштита на Унеско.Во Албанија неделно има по 6 чартери од Чешка, или околу 1500 туристи, а од Полска речиси двојно повеќе. Секој втор букира посета на Охрид.– Охрид е нашата...
Наредниот викенд тридневен планински настан: Еко ехо на Галичица
Post Views: 149 Наредниот викенд, од 20 до 22 јуни ќе се одржи тридневен планински настан кој ќе вклучува проекции на планински филмови, планинарење, виа ферата, еко акција, музика, вкусна храна и добра дружба.Настанот кој е во организација на АК Патагонија и Културолошката иницијатива 5 до 12,а во соработка со ЕХО Фестивал и НП Галичица, поддржано од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust), ќе се реализира во планинска куќа „Спиридон“ во Националниот парк Галичица.Организаторите најавуваат дека филмските проекции се бесплатни и дека целосната програма со филмови ќе биде...
Денес и утре АРМ ќе реализира тактичко-технички активности на „Бафало бич“
Post Views: 135 Денес и утре во период од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.–Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска...
Денес ќе се одржи последниот Еко пазар за оваа школска година
Post Views: 174 Денес со почеток во 12 часот и 30 минути, во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, ќе се одржи Еко Пазар. Посетителите ќе имаат можност за купување од втора рака на стара и зачувана облека со што ќе ги поддржат училиштата во нивните обиди да ја подигнат свеста за текстилната индустрија, како втор загадувач на глобално ниво. Собраните средства од пазарот и селектираните пластични шишиња ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.
Ден на Светиот Дух
Post Views: 139 Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица, како спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот. Светиот Дух е еден со Отецот и Синот во сè, затоа Он и совршува со Нив сè, бидејќи самовластен, сесилен и добар. Преку Него се подава секоја мудрост, живот, движење; Он е изворот на секој живот. Он има сè...
Утрото сончево, попладне локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи
Post Views: 104 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер.Денес ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. До среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без промени, велат од УХМР.Во Охрид денешните температури во...
Денес ќе се одржи хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025
Post Views: 194 Денес на игралиштето во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи четвртиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025.Организаторите велат дека сите заинтересирани фирми и граѓани со свои расположливи ресурси можат хуманитарно да се приклучат на иницијативата, која ќе допринесе до подобрување на условите на деца со попреченост и аутистични деца.– Oва е 4. издание на хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид, кој прераснува во една убава традиција. Турнирот ќе биде одлична можност за децата од Охрид и...