Автор: инфодеск
Views: 200 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Карпош Војвода“, ,,Мите Богоески’’, ,,Булевар Туристичка’’, ,,Јане Сандански‘’ и дел од ,, Димитар Влахов‘’.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.
Венецуела погодена од два силни земјотреси од 7,2 и 7,5 степени во рок од една минута
Views: 331 Два силни земјотреси го потресоа Каракас во рок од една минута еден од друг, првиот со магнитуда од 7,2 степени, а вториот со магнитуда од 7,5.Епицентарот на разорниот настан се наоѓал во непосредна близина на карипскиот брег, само 21 километар од градот Морон, а епицентарот бил пресметан на плитка и затоа поопасна длабочина од 10 километри, а потресите биле толку силни што ја потресле соседна Колумбија. Најсериозно погодени биле провинциите долж северниот брег на земјата, вклучувајќи ги Ла Гваира, Арагва, Карабобо и Фалкон, но за релативно олеснување на регионот, првично...
Преподобен Онуфриј Велики
Views: 169 Овој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија му беше обраснато со долги влакна. Влакната на него беа сите бели како снег, а сиот негов изглед блескав, возвишен и страшен. Штом го виде дојдениот, тој го повика со името Пафнутиј, а потоа му го раскажа своето житие од пустината. На тоа место во пустината го беше одвел неговиот Ангел-чувар, којшто претходно му се јавил. Долго време се хранел само со зелјето кое ретко можело да се најде во пустината, а потоа,...
Денес сончево и топло до 30 степени Целзиусови
Views: 160 Од УХМР информираат дека денес во Охрид ќе имаме сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Минималните температури од 13, а максималните до 30 степени Целзиусови.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на чекор до главниот турнир на Вимблдон
Views: 368 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со пресврт ја победи Франциска Жорге од Португалија и се пласираше во последното квалификациско коло, каде што ќе игра против Италијанката Лусија Бронцети за место на главниот турнир на Вимблдон.Нашата тенисерка победи со 2-1 во сетови, или со 5-7, 6-2, 6-1.Во првото коло Лина убедливо ја совлада Шпанката Анхела Болуда Фита со 2-0 во сетови.Вимблдон 2026 започнува во понеделник на 29 јуни и ќе трае до недела, 12 јули 2026 година. Квалификациските дуели од 22 до 25 јуни се играат на терените во Роемптон.Фото: МТФ
(Видео) Мала срничка спасена од напад од куче скитник на Пелистер
Views: 221 Денес вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.Според информациите објавени од ЈУ Национален парк Пелистер, во спасувачката акција учествувале раководителот на помошно-техничкото одделение Зоран Пројчевски и ренџерот Неџип Сефедини, кои успеале навреме да реагираат и да ја спасат повредената срна.Срната била во лоша состојба по нападот, но благодарение на брзата интервенција била згрижена и заштитена од понатамошни повреди. Од Националниот парк Пелистер информираат дека по спасувањето со помош на емитирање на...
Под мотото „Каде што живее поезијата“, денеска во Струга започнуваат јубилејните 65-ти Струшки вечери на поезијата
Views: 252 Под мотото „Каде што живее поeзијата” од денес до 29 јуни ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Традиционално, манифестацијата започна утрово со садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата Годинава околу 70 поети, критичари и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим.-Имено, станува...
Започнува „Везилка”: Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција
Views: 217 Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка” – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција.Проектот се реализира како стратешко партнерство меѓу Владата, Министерството за дигитална трансформација, академската заедница и Европската Унија. Негов носител е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а истиот е избран за финансирање преку...









